Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Цвиц енгагемент геерн

Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

Цвиц енгагемент геерн

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“ поддржан од Expertise France кој го спрведуваат Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во партнерство со Центарот за правни истражувања и анализи, Здружение за одржлив развој Милеуконтакт Македонија и Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија.

Ангажманот опфаќа истражување и анализа на релевантните постапки и судската практика, како и подготовка на наоди и препораки за подобрување на ефикасноста, транспарентноста и пристапот до правда во областа на животната средина.

Заинтересираните кандидат(к)и треба да достават кратка биографија (CV) и примероци или линкови од претходни релевантни методологии и трудови на contact@myla.org.mk, најдоцна до 12 октомври 2026 година, до 16:00 часот, со назнаката наведена во јавниот повик.

Целосниот јавен повик со детални информации за условите, работните задачи и начинот на пријавување е достапен во документот прикачен подолу.

Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.