Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Трговија со луѓе

Tрговијата со луѓе е сериозен облик на кршење на човековите права и слободи и таа најмногу ги погодува најранливите категории. МЗМП посветено работи на идентификација и правна заштита на жртвите со целосно почитувањето на човековите права.

 

Нашите активности:

 

Со Решение на Министерството за труд и социјална политика од Март 2018 година Македонското здружение на млади правници е дел од 4 мобилни тимови за идентификација на ранливи категории граѓани вклучително и жртви на трговија со луѓе во Битола, Куманово, Гевгелија и Тетово.

 

Во составот на мобилните тимови се вклучени претставници на Центрите за социјална работа, претставници на Министерството за внатрешни работи-националната единица за борба против трговија со луѓе и здруженија на граѓани.

 

Oд март 2018 година до декември 2019 година во рамки на Мобилните тимови за борба против трговија со луѓе, МЗМП даде правна помош и советување на 6 жртви на трговија со луѓе, 127 потенцијални жртви на трговија со луѓе и 537 ранливи категории на граѓани.

 

Дополнително МЗМП посветено работи на превенција и подигнивање на свеста за трговијата со луѓе во Северна Македонија. Во рамки на нашите активности спаѓаат и инфо сесии и настани поврзани со трговијата со луѓе, како и конференции на оваа тема. Досега се изработени специфични кампањи наменети за: проблемот на трговијата со луѓе, cybertrafficking кај деца, сезонска работа, трговија со луѓе кај деца со попречености итн. Погледнете ги кампањите на следниот линк.

 

Повеќе за трговијата со луѓе може да добиете на веб сајтот на МЗМП наменет за подигнување на јавната свест на КАЖИ СТОП!

 

ПРИЈАВИ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ