Нашите активности
Бесплатна правна помошза баратели на азил и бегалци при поднесување барање за признавање на право на азил и во сите фази од постапката до добивање на конечна одлука. МЗМП е присутна во Прифатно-транзитните центри Табановце и Винојуг, Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово и теренската канцеларија на МЗМП во Шуто Оризари која е отворена секој работен ден од 08:30 до 16:30. Повеќе за нашите локации на следниов линк. Тимот за азил и миграции е составен од 5 правници кои застапуваат во првостепената постапка, 2 теренски правници, преведувач од арапски јазик и преведувач од Фарси, како и од секој друг јазик по потреба и, адвокати кои ги водат случаите пред судовите.
Стратешко застапување од областа на азилот и миграциите. МЗМП активно се залага за промена на законски одредби и одредени практики кои ги прекршуваат основните права и човековите слободи во постапките за азил. За таа цел МЗМП заедно со тим на адвокати води стратешко застапување на предмети кои се подобни да создадат промена и да го подобрат системот за азил во Северна Македонија пред органите и судовите во земјава, како и пред Европскиот суд за човекови права и други меѓународни инструменти.
Истражувања и политики од областа на азил и миграции. МЗМП работи на истражувања и има издадено повеќе од 60 публикации на темата азил и миграции и иситите се достапни на следниов линк. Дополнително МЗМП учествува и дава свој придонес во изработка на закони и подзаконски акти од областа на азилот и миграциите. Листата на закони и подзаконски акти каде МЗМП има дадено свој придонес може да ја видите тука.
Правни тренинзи од областа азил и миграции кои се наменети зa државни институции, правосудни органи, локални самоуправи, НВО и адвокати и правници. Ова се дел од темите: Постапка за азил во Република Северна Македонија, Ефикасен систем за азил и миграции, Бесплатна правна помош на баратели на азил, Интеграција на бегалци и постапката за државјанство, Техники на интервјуирање, Постапување со ранливи категории на бегалци и мигранти, Постапка за ограничување на слобода на движење на баратели на азил и мигранти и правни лекови, Стратешко застапување пред ЕСЧП на предмети од областа на азилот и миграциите, Начин на сензитивно репортирање на бегалски стории, Симулација на судење од областа на азилот.