Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

КОИ СМЕ НИЕ

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е професионална, непрофитна и независна организација која повеќе од две децении ја унапредува правдата, владеењето на правото и заштитата на човековите права во Северна Македонија. Основано во 2003 година од група млади правници, МЗМП денес претставува водечки актер во областа на правото во јавен интерес, со препознаена експертиза во правна помош, стратешко застапување и креирање јавни политики. Во својата работа, организацијата се води од принципите на достоинство, професионализам, одговорност, иновативност и одржливост, комбинирајќи практична правна поддршка со истражување, образование и јавни иницијативи.

2003

На 19.12.2003 година десет млади правници го формираа Македонското здружение на млади правници во канцеларијата на Американската Адвокатска Асоцијација во Скопје .

2004

Првата канцеларија на МЗМП е отворена во Скопје Центар (Соборен храм) во 2004 година.

2005

МЗМП е прва организација во Македонија која организира обуки за правници и адвокати за Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

2006

МЗМП започнува со обезбедување на бесплатна правна помош за најранливите категории и воспоставува практикантска програма во правосудните институции во Република Македонија.

2016

Во 2016 година МЗМП работи во шест канцеларии во Центар Скопје, Шуто Оризари, Визбегово, Винојуг, Табановце, Гевгелија и брои 39 вработени

2018

Во декември 2018 година МЗМП одбележа 15 години од постоењето. Дотогаш на 18399 лица им е обезбедена правна помош, поведени се 486 судски постапки, изготвени 114 публикации, одржани 352 настани итн.

2020

МЗМП се консолидира како стабилна и влијателна организација со проширени области на дејствување – дигитални права, еколошка правда и ресоцијализација.

2024

Во 2024 година МЗМП влегува во нов развоен циклус со усвојување на Стратешкиот план 2024–2028, кој ја зацврстува улогата на организацијата како водечки актер во заштитата на човековите права, владеењето на правото и пристапот до правда.

НАША МИСИЈА

 

МЗМП ги штити и унапредува основните начела и вредности утврдени со Уставот. Преку користење на правото ги штити и зајакнува обесправените и се залага за подобрување на законите и политиките со кои индивидуалните слободи и прва, владеењето на правото и околината се целосно заштитени.

НАША ВИЗИЈА

 

Праведно, правично и справедливо општество каде правото го штити достоинството на човекот, му служи на јавниот интерес и обезбедува одржлива и безбедна околина.

MZMP default mk

НАША ВИЗИЈА

МЗМП е непрофитна организација која обезбедува правна помош, гради капацитети, поттикнува промени во јавните политики и примената на законодавството, врши застапување за заштита и почитување на човекови права и правна сигурност.

MZMP default mk

НАША МИСИЈА

МЗМП е водечка организација и сигурен актер во општеството која ги штити човековите права и се залага за владеење на правото, користејќи ја иновативноста и капацитетите на младите правници.

ОБЕЗБЕДУВАМЕ ПРАВНА ПОМОШ ЗА

Баратели на азил

Мигранти

Лица без државјанство

Жртви на трговија со луѓе

Жртви на повреди на човекови права

Жртви на дискриминација

Деца

Социјално и финансиски загрозени лица

Затвореници (осудени лица)

Лица со попречености

ЦЕЛНИ ГРУПИ

Жртви на повреда на човекови права

Маргинализирани групи

Јавни институции

Правници

Граѓански организации

НАШИОТ ТИМ

 

Почнувајќи од една заедничка визија на неколку млади правници, МЗМП денес е меѓународно препознаена организација која што ги обединува и поврзува сите луѓе кои што ги делат нашите вредности. Неверојатни луѓе, инспиративна работна атмосфера и постојано надоградување се нештата кои му овозможуваат на МЗМП да расте и напредува. Ова се луѓето кои го посветуваат нивното време, талент и ресурси во исполнување на мисијата и визијата на организацијата, ова е нашиот тим:

ПРЕТСЕДАТЕЛ

edgtf-team-image

Бојана Божиновска Силјановска

Претседателка на МЗМП

bbozinovska@myla.org.mk

ПРАВЕН ТИМ

edgtf-team-image

Ирена Здравкова

Менаџер за сигурност и безбедност

izdravkova@myla.org.mk

edgtf-team-image

Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ

Правник

jarangelovik@myla.org.mk

edgtf-team-image

Маја Атанасова

Правник

matanasova@myla.org.mk

edgtf-team-image

Светлана Црвенковска

Правник

scrvenkovska@myla.org.mk

edgtf-team-image

Бојан Трпевски

Правник

btrpevski@myla.org.mk

edgtf-team-image

Александра Ефремова

Правник

aefremova@myla.org.mk

edgtf-team-image

Теодора Ќосева Костадиновска

Правник

tkjoseva@myla.org.mk

edgtf-team-image

Андријана Марковска

Правник

amarkovska@myla.org.mk

edgtf-team-image

Мартина Дранговска Мартинова

Правник

mmartinova@myla.org.mk

edgtf-team-image

Ангела Шумкоска

Правник

ashumkoska@myla.org.mk

edgtf-team-image

Елена Георгиевска

Правник

egeorgievska@myla.org.mk

edgtf-team-image

Душица Нофитоска

Правник

dnofitoska@myla.org.mk

edgtf-team-image

Јана Иванова

Правник

jivanova@myla.org.mk

ФИНАНСИИ И АДМИНИСТРАЦИЈA

edgtf-team-image

Бедрија Колашинец

Финансиски менаџер

bkolashinac@myla.org.mk

edgtf-team-image

Даниела Настевска

Финансиски офицер

dnastevska@myla.org.mk

edgtf-team-image

Александра Груевска

Финансиски офицер

КОМУНИКАЦИИ

edgtf-team-image

Нита Чаволи

Офицер за комуникации

ncavolli@myla.org.mk

УПРАВЕН ОДБОР НА МЗМП

edgtf-team-image

Љупка Андоновска Новеска

Претседател на управен одбор
edgtf-team-image

Диме Ѓорчевски

Член на управен одбор
edgtf-team-image

Борјанка Тодоровска

Член на управен одбор
edgtf-team-image

Гоце Коцевски

Член на управен одбор
edgtf-team-image

Назиф Авди

Член на управен одбор
edgtf-team-image

Арбен Гудачи

Член на управен одбор