Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ПРАВНА ЕДУКАЦИЈА

Од самото основање на МЗМП, една од клучните активности е обезбедување на правна едукација и обуки на младите правници, како еден од начините на зајакнување на нивните капацитети и практични правни вештини. Денес МЗМП покрај обуки на младите правници, обезбедува соодветни обуки од областа на човекови права на владини институции, судство, општини, правници, граѓански организации, како и на самите граѓани.

 

Програмата за правна едукација на МЗМП се стреми кон подготовка на стратегија и формирање на модули кои се однесуваат на заштита на човековите права и остварување на принципот на владеење на правото, како и создавање на системски пристап кон организирање на настани. Со ова дополнително се унапредува квалитетот на активностите на МЗМП за правна едукација кои ќе им помогнат на нашите корисници да го стекнат потребното знаење и да се здобијат со бараните практични вештини.

 

Практикантска програма

 

ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА УСПЕШНО ЈА ИМААТ ЗАВРШЕНО 491 МЛАДИ ПРАВНИЦИ И СЕУШТЕ Е ВО ТЕК

 

Програма за практикантска работа 2015-2017

 

Почнувајќи од март 2015 година МЗМП започнува со спроведување на Програма за практикантска работа. Програмата за практикантска работа имаше за цел зајакнување на капацитетите на младите правници и  создавање на кадар на правници оспособени да го предизвикуваат правниот систем и да градат пракса за заштита на човековите права и на основните демократски вредности загарантирани со Уставот на РСМ.

 

Програмата за практикантска работа вклучуваше:

 

– Основни и напредни обуки во областа на човекови права

 

– Двомесечна практична работа

 

Во периодот од 2015-2017 година, 392 млади правници успешно ја завршија Програмата за практикантска работа и имаа можност да стекнат практично правно искуство преку двомесечната практична работа во 23 правосудни институции, 19 адвокатски канцеларии и 5 професионални здруженија. Програмата се спроведуваше во 13 градови во нашата држава:  Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Стумица, Штип и Делчево.

 

Во овој период беа спроведени 28 основни и напредни обуки за човекови права за младите правници.

 

 

По спроведена евалуација на практикантите кои ја успешно ја поминаа Програмата за практикантска работа во периодот 2015-2017 година, 71% од испитаниците се изјасниле дека практикантската програма им помогнала во нивната конкурентност на пазарот на трудот.

 

Во овој период, Програмата за практикантска работа се спроведуваше во рамки на проектот на УСАИД за заштита на човековите права.

Програма за практикантска работа 2018 – во тек  

 

Програмата за практикантска работа продолжи да се спроведува од октомври 2018 година.

 

Програмата за практикантска работа опфаќa:

 

  1. Тримесечна практична работа    Обуки на теми:

 

  • Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  • Вештини за барање на работа во правната професија
  • Сензибилизација .

 

Целта на Програмата е зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници преку подобрување на нивните прачтични правни вештини, вештини за наоѓање на работа во правната професија по нивното дипломирање, подобрување на знаењето за основните етички вредности на правната професија, и нивна сензибилизација за правните потреби на најмаргинализираните групи во општеството.

 

Во периодот октомври 2018 – март 2020 година, 99 млади правници успешно ја спроведија Програмата за практикантска работа и го стекнаа своето практично правно искуство преку двомесечната практична работа. Програмата се спроведува во 15 aдвокатски канцеларии, 7 основни судови, 1 апелационен суд, Врховен суд на РСМ, Управен суд на РСМ, Комисија за заштита од дискриминација, 3 канцеларии на Народниот правобранител. Програмата се спроведува во 8 градови во нашата држава.

 

Спроведени се 10 обуки на горенаведените теми..

 

По спроведена евалуација на практикантите кои ја успешно ја поминаа Програмата за практикантска работа во периодот 2018-2019 година, 79% од испитаниците оцениле дека практикантската програма им помогнала во нивната конкурентност на пазарот на трудот.

 

Програмата за практикантска работа, се спроведува во рамки на проект “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

 

 СЛЕДНИ ЦИКЛУСИ:

 

  1. Октомври 2020 – Декември 2020
  2. Јануари 2020 – Март 2021
  3. Април 2021 – Јуни 2021
  4. Септември 2021 – Ноември 2021