Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ

Македонското здружение на млади правници (во понатамошниот текст „МЗМП“) во согласност со Законот за заштита на личните при обработка на личните податоци дејствува во својство на контролор на личните податоци. Во таа насока заштита на приватноста и личните податоци претставуваат приоритет во нашето работење, при што МЗМП презема соодветни мерки за имплементирање на начелата за заштита на личните податоци.

Со цел трансапрентна и законска обработка на личните податоци, МЗМП ја подготви и оваа Политика за приватност со која Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.

Нашите податоци:

Контролор:

Македонско здружение на млади правници

Ул.Донбас бр.14/1-6 Скопје, Центар

Tелефон: 02 3220 870

E-маил: contact@myla.org.mk

Нашиот офицер за заштита на личните податоци

Назиф Авди,

Е-маил: navdi@myla.org.mk

*Секој посетител на оваа веб страница, може во секое време директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.

1.      Дефиниции

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци. Кога вашите лични податоци се обработуваат врз основа на вашата согласност, вие имате право секое време да ја повлечете вашата согласност и ние ќе престанеме со обработка на вашите лични податоци.

Субјекти на лични податоци

МЗМП ги обработува личните податоци на следниве категории на субјекти:

  • Вработени во МЗМП
  • Членови на МЗМП
  • Надворешни соработници
  • Корисници на претходна правна помош (бесплатна правна помош)
  • Учесници на обуки/семинари/конференции
  • Практиканти
  • Корисници на нашата веб страница – корисници на контакт форма.

Категории на лични податоци

За наведените субјекти на лични податоци МЗМП ги обработува следниве категории на лични податоци:

Вработени во МЗМП

  • За цели на исполнување на договорни обврски и врз основа на Законот за евиденциите од областа на трудот, МЗМП за своите вработени обработува:
    • Име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, ден, месец, година раѓање, степен и вид на завршено образование, работно време, боледувања, одмори, податоци за плата, транскациска сметка.

Членови на МЗМП

  • За целите на исполнување на законските обврски кои произлегуваат од Законот за здруженија и фондации, МЗМП води евиденција на членови, односно Регистар на членови, каде се обработуваат личните податоци на членовите на МЗМП како и членовите на органите на МЗМП. За своите членови и членови на органи, МЗМП ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, датум на плаќање на членарина, датум на раѓање, адреса, податоци за образование, работно место, е-маил, телефонски број.

Надворешни соработници

  • За извршување на различни активности од својот делокруг, МЗМП ангажира различни профили на надворешни соработници (консултантни, обучувачи, преведувачи…), чии лични податоци ги обработуваме за цели на исполнување на договорни обврски. За надворшените соработници, МЗМП ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, број на лична карта, трансакциска сметка

Корисници на претходна правна помош (бесплатна правна помош)

  • МЗМП како организација регистрирана за бесплатна правна помош а врз основа на законот за бесплатна помош, обезбедува претходна правна помош. За цели на обезбедување на правната помош, и за цели на усогласување со Правилникот за содржината, формата и начинот на водење на евиденција за податоците што се однесуваат на дадената примарна правна помош и содржината на извештаите кои ги доставуваат здруженијата и правните клиники до Министерството за правда, МЗМП за корисниците ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, пол, населено место и општина, возраст, етничка припадност, контакт, област на правното прашање, формата на обезбедена правна помош и забелешки за предметот.

Учесници на обуки/семинари/конференции

  • МЗМП во рамки на своите активности организира различни семинари, обуки, конференции при што за цели на организирање на активностите и известување до нашите донатори, ги обработуваме следниве лични податоци:
    • Име и презиме, организација и институција, е-маил и потпис

Практиканти

  • МЗМП во своето делување и активности е насочена кон поставување на мост помеѓу младите правници и правничката професија, при што организира практикантска работа за малдите правници во различни институции во нашата земја. Во таа насока, врз основа на Законот за практиканство, за практикантите, МЗМП ги обработува следниве лични податоци:
    • Име и презиме, доказ за образование, ЕМБГ, живеалиште и институција каде што ја обавува практиканстката работа

Корисници на нашата веб страница – корисници на контакт форма.

  • Нашата веб страница https://myla.org.mk/ овозможува да не контактирате преку контакт формата. Истото може да го направите и на анонимен начин, но доколку сте согласни да внесете и ваши лични податоци. За таа цел преку нашата контакт форма може да се обработуваат следниве лични податоци:
    • Име, е-маил адреса, наслов, телефонски број и вашата порака.

Интегритет и доверливост на личните податоци

МЗМП презема соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку оваа веб страница од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.

Колачиња (Cookies)

 Нашата веб страница користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во Вашиот информациски систем преку веб пребарувачот.

Многу колачиња содржат таканаречен ИД на колачето – единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.

Со користење на колачиња, нудиме подобри услуги за посетителите и корисниците на нашата веб страница. Колачињата ни овозможуваат, да Ве препознаваме со цел да Ви го олесниме користењето на нашата веб страница. Доколку користите колачиња на нашата веб страница, не мора секогаш кога пристапувате до веб страницата да внесувате податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб страницата и колачето е зачувано на Вашиот информациски систем.

Како посетител или корисник на нашата веб страница, можете во секое време да спречите поставување на колачиња со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми. Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашата веб страница.

Собирање на општи податоци и информации

 Нашата веб страница собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до неа. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот. Собраните податоци и информации може да се однесуваат на (1) видот на веб пребарувачот и користените верзии, (2) оперативниот систем што го користи системот за пристап, (3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашата веб страница, (4) датумот и времето на пристап до веб страницата, (5) адресата на Интернет протоколот (IP адресата), (6) давателот на Интернет услуги на системот за пристап и (7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.

При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот. Наместо тоа, овие информации ни се потребни за (1) правилно да ја испорачаме содржината на нашата веб страница, (2) да ја оптимизираме содржината на нашата веб страница, (3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологијата на веб страницата, и (4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад. Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од Вашите лични податоци.

Заштита на личните податоци при користење на Facebook

На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook.

Податоци за Facebook:

Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.

Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.

Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.

Заштита на личните податоци при користење на Instagram

На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram.

Податоци за Instagram:

Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.

Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.

Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.

Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк https://help.instagram.com/155833707900388 и https://www.instagram.com/about/legal/privacy/.

Заштита на личните податоци при користење на YouTube

На нашата веб страница  интегрирана е компоненти на YouTube.

Податоци за YouTube:

Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку YouTube.

Со секое повикување на една од одделните страници на оваа Интернет страница, со која управува контролорот и на која е интегрирана компонента на YouTube (видео на YouTube), автоматски се бара веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот да ја преземе соодветната компонента на YouTube. Дополнителни информации за YouTube може да најдете на https://www.youtube.com/about/.

YouTube и Google ќе добијат информации преку компонентата YouTube дека субјектот на личните податоци ја посетил нашата веб страница, доколку субјектот на личните податоци за време на повикот на нашата веб страница е најавен на YouTube; ова се случува без оглед дали лицето кликнало видео на YouTube или не. Доколку субјектот на личните податоци не сака оваа информација да биде пренесена до YouTube и Google во тој случај треба да се одјави од сопствениот профил на YouTube пред да ја повика на нашата веб страница.

Одредбите за заштита на личните податоци на YouTube, достапни на https://www.google.com/intl/en/policies/privacy/, обезбедуваат информации за собирање, обработка и употреба на личните податоци од YouTube и Google.

Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics

 На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer),

како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.

Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.

Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.

Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.

Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за Вашите посети на веб страници. Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Ако Вашиот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.

Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:

https://policies.google.com/privacy?hl=en https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.

Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:

https://marketingplatform.google.com/about/analytics/.

Рокови за чување

Податоците кои се собираат врз основа на вашата согласност се обработуваат се до повлекување ан вашата согласност или исполнување на целите за собирање на податоците. Податоците кои се обработуваат врз основа на исполнување на законска обврска се чуваат во рамки на закоснките дадени рокови. По исполнување на целите податоците се уништуваат во согласност со материјалните и архивските прописи.

Пренос на лични податоци

Податоците за извршени актиности во МЗМП за цели на известување и ревизија се доставуваат до меѓународните организации, донатори на нашата организација.

Споделување  на податоци со трети страни

МЗМП за дел од своите активности ангажира различни компании и поединци за извршување на стручни услуги и врз основа на законот за заштита на личните податоци овие лица дејствуваат во својство на обработувач. Обработувач согласно законот за заштита на личните податоци е секое лице кое во име и за сметка на МЗМП ги обработува личните податоци кои ги обработува МЗМП.

 МЗМП во таа насока има склучено договор со надовршено ИТ консултант, смектоводдствено и книговодствено биро кои имаат пристап до системите на МЗМП. МЗМП води сметка за целосна заштита на личните податоци при давање пристап на обработувачите.

Вашите права

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци.

Вашето право за поднесување на барање до надлежниот орган

Доколку сметате дека организацијата при обработка на Вашите лични податоци ги повредува одредбите од ЗЗЛП, имате право да поднесете барање до надзорниот орган Агенција за заштита на личните податоци.

Барање: https://www.dzlp.mk/node/3274