Нашите активности
Правна и менторска поддршка на граѓански организации и еколошки активисти за прашања поврзани со животната средина
МЗМП обезбедува правна поддршка и советување за еколошки граѓански организации, младински организации и еколошки активисти за прашања поврзани со животната средина вклучувајќи и поддршка при вклучување во процесите за донесување на одлуки на централно и локално ниво за прашања поврзани со животната средина.
Стратешко застапување на случаи од областа на животната средина
МЗМП активно се залага за промена на законски одредби и одредени практики кои ги прекршуваат основните права и човековите слободи во областа на животната средина. За таа цел МЗМП заедно со тим на адвокати води стратешко застапување на предмети кои се подобни да создадат промена и да го подобрат системот за заштита на животната средина во Северна Македонија пред органите и судовите во земјава, како и пред Европскиот суд за човекови права и други меѓународни инструменти.
Истражувања и политики од областа на животната средина
МЗМП работи на анализи, документи за јавни политики и други типови на документи, достапни на следниот линк, преку кои се стреми кон подобрување на спроведувањето на законодавството од областа на животната средина. Во процесот на подобрување на законодавството од оваа област, МЗМП се вклучува во процесот на изменување на релевантното законодавство и обезбедува поддршка за единиците на локална самоуправа во насока на вклучување на сите засегнати страни во процесите на донесување на одлуки.
Обуки од областа на животната средина
МЗМП се залага за создавање активно граѓанско општество кое е вклучено и влијае врз процесот на донесување на одлуки на централно и локално ниво за прашања поврзани со животната средина. За таа цел МЗМП спроведува обуки за организациско зајакнување на граѓанските организации и зголемување на нивните знаења од областа на правото за животна средина и едукативни сесии наменети за еколошки активисти. Создавањето на правници со соодветни знаења и вештини за правна заштита на животната средина е особено важна цел на МЗМП која ја остварува преку спроведување на специјализирања предавања и обуки.
Поважни достигнувања:
Поведени случаи за стратешко застапување од областа на животната средина
- Поднесена тужба пред Граѓанскиот суд Скопје поради аерозагадувањето во Скопје
- Поднесена кривична пријава против носители на јавни функции поради пропуштање, односно неизвршување на дејствија за заштита на животната средина, кои според македонските закони, биле должни да ги спроведат
- Поднесена тужба пред Основниот суд Битола поради аерозагадувањето во Битола
- Поднесена тужба пред Основниот суд Струга поради непреземање мерки за справување со дивата депонија во Струга
МЗМП е дел од Архус центарот во Македонија, Платформата за еколошка правда, Алијанса за зaстапување и лобирање „Разбистри сѐ“, Коалиција за клима, Граѓански инспекциски совет.
МЗМП го следи процесот на донесување, изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор во животната средина и Законот за водите