Јун
25
2026
Извештајот на УНХЦР за глобалните трендови- 123,2 милиони луѓе присилно раселени ширум светот

На крајот на 2024 година, 123,2 милиони луѓе ширум светот биле присилно раселени поради прогон, конфликти, насилство, прекршувања на човековите права и настани што сериозно го нарушуваат јавниот ред, покажува најновиот Извештај за глобалните трендови на УНХЦР.
Извештајот ги претставува најновите официјални статистички податоци за бегалците, барателите на азил, внатрешно раселените лица и лицата без државјанство на глобално ниво.
Меѓу глобалните предизвици што УНХЦР ги следи е и бездржавјанството. Во овој контекст, Северна Македонија во 2025 година стана првата држава во регионот што ги реши сите познати случаи на бездржавјанство поврзани со распадот на поранешна Југославија.
Како долгогодишен партнер на УНХЦР, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) повеќе од една деценија обезбедува бесплатна правна помош и поддршка за лицата без државјанство и лицата во ризик од бездржавјанство, придонесувајќи кон обезбедување правен идентитет и остварување на основните човекови права.
Целосниот Извештај за глобалните трендови на УНХЦР е достапен на следниот линк: https://www.unhcr.org/media/global-trends-2025-report