Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2024 ГОДИНА

Македонското здружение на млади правници, во партнерство со УНХЦР – Агенцијата на Обединетите нации за бегалци и Здружението на новинарите на Македонија, распишува Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2024 година.

Категории за учество:

  • Напис или серија написи
  • Фотографија
  • Мултимедијален производ

Поднесоците треба да се фокусираат на искуствата на бегалците, барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, со цел придонесување кон подигнување на јавната свест за темите поврзани со нив.

Критериуми за оценување:

  • Авторско новинарско дело објавено во медиум во периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024
  • Автентични приказни за искуствата на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Изразена чувствителност и почит кон овие групи
  • Избегнување на сензационализам и стереотипизација
  • Кандидатите треба да се државјани на Република Северна Македонија

Поднесоците ќе бидат оценувани од стручна Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од ЗНМ, членови на МЗМП и претставници на УНХЦР. Комисијата ќе оценува секој поднесок поединечно, со фокус на начинот на прикажување на приказната и стандардите на професионално и сензитивно известување.

Важно:

  • Може да се поднесат најмногу 3 прилога по кандидат
  • Не се прифаќаат стории изработени со поддршка од УНХЦР
  • Пишаните прилози се доставуваат во PDF со назначен датум на објавување
  • Мултимедијалните прилози се испраќаат преку WeTransfer со назначен датум на објавување
  • Фотографиите во JPG формат, најмалку 2000 пиксели по должина и 300 dpi резолуција; да се наведе каде и кога се објавени

Награди:

  • Прва награда: 30.000 денари
  • Втора награда: 20.000 денари
  • Трета награда: 10.000 денари

Комисијата го задржува правото да не додели одредена награда доколку ниту еден прилог не ги исполнува критериумите.

Начин на аплицирање:

Сите поднесоци да се испратат на contact@myla.org.mk со наслов: „Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2024 година“, најдоцна до петок, 30.05.2025 година до петок, 09.06.2025 година.

Изборот на победничките стории ќе биде објавен во очи на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците.

Контакт:

За дополнителни информации:
Нита Чаволи
📞 072 224 581, Офицер за комуникации
📧 ncavolli@myla.org.mk

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.