Јавен повик за продукција на видео, reels и фотографски/видеографски услуги
ВОВЕД
Македонското здружение на млади правници за потребите на проектот “Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР” и „Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, поддржан од Високиот Комесаријат за бегалци при ОН – УНХЦР во Северна Македонија, спроведува јавен повик за продукција на видео, reels и фотографски/видеографски услуги.
Македонското здружение на млади правници од 2010 година е партнер на Високиот Комесаријат за бегалци при ОН за обезбедување на правна помош на лица под мандат на УНХЦР во Република Северна Македонија. Проектот „Застапување интереси, правна помош и правно застапување на лица од интерес и спречување и намалување на бездржавјанството“ се фокусира на заштита и унапредување на човековите права на бегалците, лицата без државјанство и барателите на азил.
ЦЕЛИ
Продукција на концизно и влијателно видео и две reels кое ќе пренесе ги пораките на проектниот тим во МЗМП, како и на вработените во претставништвото на УНХЦР во чест на Светскиот ден на бегалците, кои треба да ги исполнат следните цели:
- Да придонесат да се подигне свеста и да се промовира поддршката за каузата кај широката публика.
- Да се усогласат со мисијата на проектот за создавање инклузивно и емпатично општество.
Фотографирање и видеографија од настан кој ќе се одржи во Скопје на 19 јуни, во очи на 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, кои треба да ги исполнат следните цели:
- Да го документираат настанот преку висококвалитетно видео.
- Да ги доловат значајните моменти преку професионална фотографија.
ОБЕМ НА РАБОТА
Давателот на услуги треба да испорача:
- Видео во времетраење до 4 минути и 2 рилс (кратки форми) во времетраење до 30 секунди кои го покриваат настанот на 20 јуни.
- Видео (видеографија) во времетраење до 4 минути и 2 reels (кратки форми) во времетраење од 30 секунди кои ги доловуваат важните моменти од настанот за одбележување на Светскиот ден на бегалците.
- Избор од 50 фотографии со висока резолуција кои ја доловуваат суштината на настанот на 20 јуни.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР
Давателот на услуги треба да покаже:
- Искуство: Докажано искуство во создавање влијателни и емотивно привлечни видеа и содржини на социјалните медиуми, особено во контекст на хуманитарни цели.
- Техничко владеење: Докажана техничка експертиза во видео продукција, фотографија и видеографија.
- Тим и ресурси: Достапност на квалификуван тим и потребни ресурси за завршување на проектот во дефинираниот временски рок.
- Буџет: буџет кој ги прикажува сите трошоци и расходи поврзани со проектот.
РОКОВИ И ВАЖНИ ДАТИ:
- Краен рок за поднесување на апликација: 03.05.2024
- Известување: 09.05.2024
- Започнување на проектот: Веднаш по известувањето
- Краен рок за испорака на видеото и reels: 08.06.2024
- Датум на одржување настанот: 19.06.2024
- Краен рок за испорака на фотографии/видеографија и reels : 20/21.06.202
Апликациите треба да се достават на ncavolli@myla.org.mk и bkolashinac@myla.org.mk со наслов „Апликација за Јавен повик за продукција на видео, reels и фотографски/видеографски услуги”.
ИЗВЕСТУВАЊЕ И КОМУНИКАЦИЈА
Од избраниот давател на услуги ќе се очекува редовно да комуницира со проектниот тим и да известува за напредокот на продукцијата на видеото.
ДОВЕРЛИВОСТ
Сите информации обезбедени од апликантите ќе се третираат како доверливи и ќе се користат исклучиво за целите на овој процес на селекција.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Организацијата го задржува правото да одбие еден или сите предлози и не е обврзана да го прифати предлогот со најниска цена.