Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда – С.Б. против Северна Македонија

Европскиот суд за човекови права донесе пресуда – С.Б. против Северна Македонија – https://hudoc.echr.coe.int/eng#{%22itemid%22:[%22001-229161%22]} со која утврди повреда на член 1 од Протокол 7 од Европската конвенција за човекови права, кој ги уредува процедуралните гаранции во случај на протерување на странци.

Предметот се однесува на лице под меѓународна заштита за кое е утврдено дека претставува опасност по националната безбедност, поради што државата му ја прекинала заштитата. ЕСЧП утврдил дека одлуката се засновала на класифицирана белешка во која е наведено дека лицето е опасност по национална безбедност, а судовите се ограничиле на чисто формално испитување на оспорената одлука. Жалителката, како што утврдил ЕСЧП, не била во можност соодветно да го презентира својот случај во последователните судски постапки поради тоа што немала преглед на фактите што служеле како основа за таа проценка. Дополнително, Вишиот управен суд ја засновал својата одлука на сосем различно наоѓање согласно извештај за Косово, а не единствено поради тоа што жалителката претставувала опасност по безбедност. Со тоа ЕСЧП утврдил дека жалителката немала можност да го оспори ваквото ново тврдење на Вишиот управен суд како последна инстанца, што претставува дополнителна повреда.

Апликацијата е поднесена и предметот е воден во рамките на Групата за стратешко застапување на случаи од областа на азилот и бездржавјанството која ја води МЗМП во соработка со УНХЦР, а во која членуваат правни професионалци и адвокати од областа на азилот и бездржавјанството. Предметот го водеше адвокатот Диме Ѓорчевски, кој е член на оваа група.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.