Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ОД ОПШТИНИ И ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ТЕХНИЧКА И МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во рамки на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 06.11.2023 година објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ОД ОПШТИНИ И ЛОКАЛНИ МЛАДИНСКИ СОВЕТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ТЕХНИЧКА И МЕНТОРСКА ПОДДРШКА ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО И КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА НА ЛОКАЛНО НИВО

1.    Општи информации за Проектот

(1)        Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот се спроведува во период од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

(2)        Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Посебни цели на Проектот се: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

(3)        Проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти заради остварување на предвидените цели. Првата компонента опфаќа развивање на дигитална алатка за спроведување на обуки и курсеви за младински активисти на теми поврзани со заштита на животната средина, климатските промени  и еко-активизам. Дополнително, спроведена е програма за обуки на млади правници за заштита на животната средина. Во рамки на втората компонента Проектот развива прирачници и упатства за воспоставување процедури за вклучување на младите во процеси поврзани со животната средина, како и ќе се поддржат конкретни општини со изработка на акти и документи поврзани со оваа тема. Третата компонента вклучува финансиска и менторска поддршка на младински организации и активисти за спроведување на конкретни иницијативи во локалната заедница. 

2.    Цел и опфат на Програмата за поддршката

(1)        Целта на Програмата за поддршката е зајакнување на капацитетите на младите и локалните младински совети во процесите на креирање на политики за животна средина на локално ниво, како и поддршка на општините во изработка на акти и документи за активно вклучување на младите на оваа тема. Во таа насока, општините ќе имаат техничка и менторска поддршка за активно и ефективно вклучување на младите и локалните младински совети во наведените процеси. Фокусот ќе биде ставен на прашања од областа на животна средина со цел истите да бидат ставени на агендата и програмите на локалните младински совети.

(2)        Техничката и менторската поддршка ќе бидат прилагодени на специфичните и индивидуалните потреби на секоја различна општина. Модалитетите на поддршката ќе се утврдат во акционен план заеднички дефиниран во раните фази на процесот.

(3)        Поддршката може да вклучува, но не се ограничува на следниве активности:

  • Менторство и јакнење на капацитетите на локалниот младински совет и младите за прашања поврзани за креирање политики за младинско учество и застапување  за прашања поврзани со заштита на животната средина;
  • Вклучување на зелените прашања во политики, програми и планови за младинско учество или вклучување на учеството на младите во политики, програми и планови за животна средина;
  • Обуки и работилници за локални младински совети и млади на конкретни прашања утврдени во координација со членовите на локалниот младински совет и општината (пр. младинско учество и најдобри практики за активно вклучување во процеси на креирање политики, застапување и лобирање, пристап заснован на човекови права, улогата и надлежностите на локалната власт во политиките за животна средина, стандарди за заштита на животна средина итн.);
  • Активности за подигнување на јавната свест, лобирање и застапување засновано на докази;
  • Kонсултативни процеси и преглед или помош при креирање на локални политики, програми и планови за младинско учество во процеси на креирање политики на локално ниво за животна средина.

На обуките и работилниците ќе може да учествуваат и членови на локалните младински совети од општини од кои нема апликација за поддршка.

(4)        Времетраењето на активностите треба да завршат до јуни 2024 година.

3. Кој може да изрази интерес за учество?

Интерес за учество може да изразат општини и локални младински совети преку пополнување на пријава за изразување на интерес за учество наведена во точка 4 од овој јавен повик.

Проектот има склучено 3 (три) меморандуми за соработка со следните општини: Крива Паланка, Кавадарци и Крушево кои се соработници на проектот. Во рамките на овој повик, ќе се селектираат дополнителни 9 општини кои ќе бидат директно вклучени во Програмата за менторска и техничка поддршка.

4.    Начин на пријавување и селекција

(1)        За локален младински совет:

Локалните младински совети кои имаат интерес за вклучување во Програмата за менторска и техничка поддршка потребно е да пополнат Пријава за изразување на интерес за учество од ЛМС. Пријавата треба да биде пополнета од член на локален младински совет и во прилог да се достави акт/одлука за основање на советот.

За да ја симнете пријавата кликнете тука – Пријава за изразување интерес за учество ЛМС.

(2)        За општините:

Секоја општина која има интерес за вклучување во Програмата за менторска и техничка поддршка потребно е да пополни Пријава за изразување на интерес за учество потпишана од овластен застапник на општината (градоначалник). Пријавата треба да биде уредно пополнета и истата треба да се достави со печат од општината и заверка на пријавата.

За да ја симнете пријавата кликнете тука – Пријава за изразување интерес за учество од Општина.

Со избраните општини и ЛМС ќе се потпише Меморандум за соработка, согласно кој ќе се подготви акциски план за спроведување на заеднички активности согласно точка 2 од овој јавен повик.  

(3)        При селекција на општините и локалните младински совети ќе се имаат предвид следните аспекти:

  • Соодветна географска застапеност на општини од различни плански региони во државата;
  • Интерес и спремност да ги пренесуваат своите стекнати знаења во рамки на активнoсти и настани за вмрежување со цел споделување искуства и најдобри практики за поголем ангажман на младите во политиките за животна средина;
  • Вклученост на урбани и рурални средини;
  • Дали во општината е формиран локален младински совет;
  • Дали во соодветниот регион од државата делуваат младински организации, граѓански ораганизации за млади и граѓански организации кои работат со млади. 

При селекцијата на општините ќе се обезбеди максимална рамнотежа помеѓу територијалните/географските, етничките и родовите аспекти на општините. 

4. Рок за доставување на пријави и контакт информации

Пријава за изразување интерес за учество треба да се достави на contact@myla.org.mk најдоцна до 06.12.2023 година.

Контакт лице за прашања: Весна Дишлијовска, проектен менаџер, е-пошта: vdislijovska@myla.org.mk и тел: 02 3220 870.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.