Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за ангажирање на четири (4) експерти за за подготовка на четири (4) документи за политики

Македонското здружение на млади правници – МЗМП Скопје за потребите од спроведување на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” финансиски поддржан од Европската унија, број на договор: NDICI-THE-NEAR/2022/441-711  на ден 20.03.2024 објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на  4 експерти за за подготовка на 4 документи за политики

1. Општи информации за проектот

Проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” (во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската унија со договор бр. 2022/441-711 во рамки на програмата ЕИДХР Поддршка на граѓанското општество преку шеми за поддршка засновани на одредена земја, во Северна Македонија. Проектот ќе се спроведува во период од 2 февруари 2023 до 31 јануари 2025 година од страна на Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП). Општа цел на Проектот е да се зајакнат капацитетите на судството и јавното обвинителство во ефикасна заштита на приватноста на граѓаните, како и другите права и основни слободи засегнати од новите технологии во онлајн просторот во согласност со правото и стандардите на ЕУ. Во насока на остварување на општата цел, Проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти: 1. Градење на капацитети (1.1 Подготовка на анализа за потреби од обуки и акционен план за обука за судството и јавното обвинителство 1.2 Подготовка на програми за обука за судството и јавното обвинителство 1.3 Усогласување на програмите за обука со AСЈО и интегрирање на обуките во програмата за обука на АСЈО 1.4 Испорака на обуки за заштита на приватност, лични податоци и човекови права во онлајн просторот за судии и јавни обвинители 1.5. Испорака на обука за обучувачи ) 2. Истражување (2.1. Подготовка на извештај за проценка на празнините и компаративна анализа за улогата на судството во Северна Македонија во заштита на правото на приватност и лични податоци 2.2. Подготовка на Водич за заштита на човековите права и правото на приватност во дигиталниот простор за практична употреба на судии, јавни обвинители и адвокати) 3. Дијалог за креирање политики (3.1 Подготовка на четири анализи за клучни ИКТ теми релевантни за правосудството 3.2 Стратешки форуми за дискусии меѓу институциите околу клучните теми 3.3 Интегрирање на заклучоците и препораките од стручните форуми во документ за креирање политики  3.4 Јавна кампања за едуцирање на граѓаните за правните инструменти за заштита на човековите права во дигитален простори). Повеќе информации за проектот се достапни на следниот линк.

2. Опис на активноста

Изработката на четири документи за политики за клучни теми од областа на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) релевантни за правосудството е неопходна заради поставување на основа за иницирање на поширок дијалог за политики во однос на одговорот на правосудството на новите и постојано развивачки предизвици во заштита на личните податоци и приватност во дигиталната сфера.

Секој од документите за дијалог ќе опфати посебна област, и тоа:

  • Улогата на судовите и јавните обвинителства во системот на заштита на лични податоци и приватност, предизвици и препораки за нивно надминување;
  • Користење на алгоритми и вештачка интелигенција (AI) во правосудството;
  • Истражување и постапување во случаи на повреди на приватноста на социјални мрежи и веб страници;
  • Дигитализација на правосудството и заштита на лични податоци.

3.Цели на ангажманот и работни задачи

За секој документ ќе се избере еден експерт, кој ќе ги има следниве задачи:

  • Изготвување на Документ за политики за темата за која е избран;
  • Изготвување на кратка презентација на препораките од Документот;
  • Учество на тркалезна маса со релевантните чинители заради презентирање на наодите и препораките и финализирање на препораките, и
  • Ажурирање на документот согласно заклучоците од тркалезната маса.

4. Временска рамка

АктивностДатуми
Рок за поднесување на понуди20.03.2024- 05.04.2024
Избор и известување на избраните кандидати08.04.2024
Доставување на прв нацрт на документот15.05.2024
Доставување на конечен документ20.06.2024
Презентирање на наодите на една тркалезна маса01-05.10.2024
Ажурирање на документот согласно заклучоците од тркалезната маса15.11.2024

4. Профил и потребни квалификации

Секој од експертите за изготвување на еден од документите за политики треба да ги исполнува следниве услови:

  • Правник со најмалку 3 години работно искуство како правник, адвокат, правен консултант или истражувач
  • Професионално искуство во областа на заштита на личните податоци и/или заштита на приватноста, дигитализација на јавни институции, примена на вештачка интелегенција, информатички технологии од најмалку 1 година
  • Познавање на законодавството во РМ кое се однесува на заштита на лични податоци и меѓународни правни стандарди во контекст на Закон за заштита на лични податоци и општата регулативата за заштита на личните податоците на ЕУ (GDPR)
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања, документи за политики и/или јавни политики (најмалку 2 спроведени анализи)

5. Начин на аплицирање и рок

Понудите можат да се доставуваат електронски, на е-маил адресата: contact@myla.org.mk најдоцна до 05.04.2024 година, а насловот на пораката треба да биде „Понуда за документ за политики“.

Секој понудувач мора точно да наведе за кој документ за политики се пријавува.

Понудите кои ќе содржат непотполна или неуредна документација, како и понудите кои ќе бидат доставени по рокот утврден во овој повик, нема да бидат земени предвид. Македонското здружение на млади правници  – МЗМП Скопје го задржува правото да ги контактира само избраните кандидати.

5.1. Број на пријави од страна на еден понудувач

Секое лице може да аплицира за еден или за повеќе документи. При аплицирање за секој документ, лицето мора да поднесе целосно нова апликација, во посебен меил.

Заради ограничениот временски период, секое лице може да биде ангажирано за изготвување на најмногу еден документ. Доколку едно лице е избрано како најповолен понудувач помеѓу понудите за два или повеќе документи, тогаш во договор со тоа лице ќе се утврди темата која сака да ја задржи, а за другите теми ќе се склучи договор со вторите најдобри понудувачи на листата.

5.2. Ангажирање за изготвување на документ за политики различен од оној за кој се пријавил кандидатот

Доколку МЗМП добие повеќе понуди кои се однесуваат за ист документ, а за еден или повеќе документи нема понуди или нема соодветна понуда, МЗМП го задржува правото, по оцена на сите стигнати понуди, на следниот најдобро рангиран да му понуди ангажман за друг документ за политики.

6. Финансиска понуда

Во рамки на пријавата, понудувачот треба да достави пополнета финансиска понуда (прилог 1) во која ќе биде наведена единечна вредност на дневница и вкупна сума за целокупниот ангажман. Финансиската понуда не смее да надмине ангажамн од 15 работни дена и вкупен бруто износ за целокупниот ангажман кој не надминува 138.820,00 денари бруто.

7. Елементи на понудата

За да се пријави на повикот, понудувачот треба да достави:

  • Финансиска понуда според образецот даден во прилог 1;
  • Кратка професионална биографија (CV)
  • Најмалку 2 документа (анализи, документи за политики и/или јавни политики, истражувања) од областа на правото, заштита на приватност и/или лични податоци.

8. Критериуми и начин на избор на најповолна понуда

Сите навремени, потполни и уредни пријави ќе бидат детално разгледани и оценувани според следните критериуми:

  1. Квалитет на понудата – 80 поени, од кои:

– Претходно релевантно работно искуство – 40 поени

– Релевантност на доставените претходно изготвувани документи – 40 поени

  • Финансиска понуда – 20 поени.

Со кандидатот кој ќе добие најмногу поени по овие критериуми ќе биде склучен договор во кој подетално ќе се утврдат меѓусебните права и обврски.

  • Појаснување на тендерската документација

Доколку се потребни дополнителни информации во врска со овој повик, можете да се обратите на contact@myla.org.mk најдоцна до 29.03.2024.

  1. Измена и дополнување на тендерската документација

МЗМП го задржува правото најдоцна 2 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ја објави измената и ќе ги извести потенцијалните понудувачи кои поднеле барање за појаснување. Во случај на измена на тендерската документација, МЗМП може да го продолжи крајниот рок за доставување на понудата по барање ако постојат оправдани причини за тоа и за тоа ќе направи соодветна објава.

  1.  Начин и услови за плаќање

Плаќањето ќе се изврши на следниов начин:

  • 80% од договорениот инзос ќе се исплати во рок од 8 дена од доставување на финалниот документ подготвен за тркалезна маса;
  • 20% од договорениот износ ќе се исплати во рок од 8 деан од доставување на документот со вклучени евентуални насоки добиени за време на тркалезната маса.
  • Известување на понудувачите

До избраниот најповолен понудувач ќе се достави известување на адресата на е-пошта наведена во понудата.

Прилог 1Образец за финансиска понуда

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.