Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
како да напишам проектна апликација insta Facebook Post Landscape

Јавен повик за избор на петмина (5) обучувачи

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП за објавува:

Јавен повик за избор на петмина (5) обучувачи

Општи информации за проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климата, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Другата посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво емисии на јаглен, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден за пет обучувачи за обука на различни теми, во рамки на активностите на проектот во периодот од октомври 2023 до месец април 2024 година, со цел за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации кои работат во областа на заштита на животната средина и климатските промени.

  1. Обучувач за правните аспекти на работата на граѓанските организации

Опис и работни задачи

  • Да подготви и достави програма за спроведување на обуката со фокус на родовите аспекти на работењето на граѓанските организации;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да подготви материјали кои ќе се користат за време на обуката;
  • Да спроведе обука со физичко присуство за организации кои работат во областа на животна средина во траење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Да подготви извештај за спроведената обука.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на правото;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;
  • Искуство со спроведени обуки на теми поврзани со внатрешно правно работење на граѓански организации и
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

2. Обучувач за финансиските аспекти на работата на граѓанските организации

Опис и работни задачи

  • Да подготви и достави програма за спроведување на обуката за финансиското работење на граѓанските организации, со фокус на родово одговорно буџетирање;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да подготви материјали кои ќе се користат за време на обуката;
  • Да спроведе обука со физичко присуство за организации кои работат во областа на животна средина во траење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Да подготви извештај за спроведената обука.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на економијата;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;
  • Искуство со спроведени обуки на теми поврзани со внатрешно финансиско работење на граѓански организации и
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

3. Обучувач за македонско еколошко право – Меѓународно право за заштита на животната средина

Опис и работни задачи

  • Да подготви и достави програма за спроведување на обуката во која особено внимание ќе се посвети на родовите импликации;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката со фокус на учество на јавноста во процесите и пишување на барања до надлежни државни институции;
  • Да подготви материјали кои ќе се користат за време на обуката;
  • Да спроведе обука со физичко присуство за организации кои работат во областа на животна средина во траење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Да подготви извештај за спроведената обука.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на правото;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во работа на еколошкото право;
  • Искуство со спроведени обуки на теми поврзани со правна заштита на животната средина и
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

4. Обучувач за подготовка на анализи и документи за јавни политики и застапување

Опис и работни задачи

  • Да подготви и достави  програма за спроведување на обуката, со посебен дел за фокус на родова еднаквост;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да подготви материјали кои ќе се користат за време на обуката;
  • Да спроведе  обука  со физичко присуство за организации кои работат во областа на животна средина во траење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Да подготви извештај за спроведената обука.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование од областа на општествените науки;
  • Најмалку 10 подготвени анализи и документи за јавни политики и познавање на процесот на носење одлуки и учество на јавноста на национално и локално ниво;
  • Искуство со спроведени обуки на теми поврзани со пишување анализи и документи за јавни политики и застапување базирано на докази и
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

5. Обучувач за подготовка на проектни апликации и спроведување на проекти

Опис и работни задачи

  • Да подготви и достави програма за спроведување на обуката во која ќе бидат опфатени следните теми:
    • Алатки и методи кои се користат при изработка на проектни документи
    • Основни елементи на логичка рамка
    • Упатства за изработка на проектни документи согласно барањата на донатороте присутни во државата
    • Елементи и фази на проектен циклус
    • Критериуми за евалуација на предлог проект
    • Фокус на родовите аспекти при планирање на проекти активности
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да подготви материјали кои ќе се користат за време на обуката;
  • Да спроведе  обука  со физичко присуство за организации кои работат во областа на животна средина во траење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката и
  • Да подготви извештај за спроведената обука.

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование;
  • Најмалку 5 години професионално искуство во управување со проектен циклус и подготовка и пишување на проектни апликации и спроведување на проекти;
  • Искуство со спроведени обуки за подготовка на проектни апликации и спроведување на проекти и
  • Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Временска рамка и надомест

Обуките ќе се спроведат во периодот од 15ти октомври 2023 година, заклучно со 30ти април 2024 година. Конкретните датуми за спроведување на обуките ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраните обучувачи.

Секоја обука е предвидено да трае 2(два) дена, кои ќе бидат за време на викенд. Избраниот обучувач за секоја обука ќе има вкупен ангажман од 3(три) дена. Надоместот за еден ден не може да надминува бруто износ од 10.112,00 денари.

Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход),
  • Предлог методологија за подготовка на обука
  • Професионално портфолио кое задолжително ќе содржи
    • Листа на реализирани обуки со преглед на корисници на испорачаните обуки
    • За обучувачите за еколошко право и подготовка на анализи и документи за јавни политики портфолиото дополнително треба да содржи или прилог или активен линк од подготвени документи
    • За обучувачот за подготовка на проектни апликации и спроведување на проекти, листа на позначајни проекти кои ги водел и учествувал во нивна изработка во процесот на апликација
    • Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: bbozinovska@myla.org.mk  и dnastevska@myla.org.mk, со назнака – Апликација за обучувач [назив на темата за која се аплицира]

Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Целосно исполнување на критериумите од делот потребни квалификации – 60 бода;
  • Предлог методологија за спроведување на обуката – 20 бода;
  • Понуден надомест за активноста – 20 бода.

Вкупно 100 бода.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број на бодови.

Рокот за аплицирање е заклучно со 30.09.2023 година. 

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување. За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратите на телефонскиот број (02) 3220 870, лице за контакт: Бојана Божиновска.

Проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени” е финансиски поддржан од страна на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на владата на Шведска.

Во продолжение ПДФ верзија на повикот https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2023/09/Povik-za-obuchuvachi-3-ciklus.pdf

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.