Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ: Дигитално раскажување – стории за жени бегалки и мигрантки

Во рамки на проектот Migrants and Refugee Crisis in Western Balkan Countries имплементиран од Оxfam и Македонското здружение на млади правници – Скопје, а технички и финансиски поддржан од Телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жени UN WOMEN, предвидена е изработка на видео (digital storytelling video).

 

Видеото ќе има улога на алатка за застапување (advocacy) на правата на жените и девојки бегалки ќе има за цел да ја зајакне свеста кај носителите на обврските, граѓанските организации, заинтересираните страни, како и пошироката јавност за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат жените мигранти и бегалки, со особен фокус на човековите права. Протагонистите се жени кои престојуваат во транзитните центри во Табановце и Гевгелија, како и во прифатниот центар во Визбегово.

КОНТЕКСТ

За време на бегалската криза која произлезе од воените судири на Блискиот Исток повеќе од 1.000.000 лица транзитираа низ Република Македонија. Во почетокот на 2016 година беа воведени нови порестриктивни правила за бегалците кои транзитираат низ западнобалканската рута, а од 09.03.2016 година се затворија границите за бегалците и мигрантите кои ја користеа оваа рута на патот кон западноевропските земји. Стотици бегалци ги загубија животите во Егејското море на патот од Турција кон Грција, а според неофицијални податоци повеќе од 10.000 непридружувани малолетници и деца се водат како исчезнати.

По затворањето на границите повеќе од 1.000 бегалци останаа на територијата на Република Македонија, мнозинството од нив сместени во транзитните центри Табановце и Винојуг во несоодветни услови за живот – инфраструктурата на овие центри беше изградена за потребите на транзит со кусо задржување на бегалците и несоодветсвуваше на новонастанатите околности кои наложуваа потреба од подолг престој на бегалците во транзитните центри. Голем број на бегалци беа принудени да живеат во сурови услови, а помеѓу нив имаше и бремени жени, доилки, бебиња, лица со хендикеп итн.

Ненајавеното затворање на границите резултираше и во случаи на разделени семејства (бројни случаи во кои член од семејството пристигнал во државата на финална дестинација, а останатите членови заглавени во државите од Западен Балкан).

Четири месеци по затворањето на границите бројот на бегалци кои престојуваат во транзитните центри и прифатниот центар за баратели на азил во Република Македонија се намали на помалку од 300 лица. Поголемиот број на бегаци одлучија да продолжат кон западноевропските држави преку рутите на ирегуларна миграција и покрај евидентните ризици од насилство, разбојништва, обиди за силување од страна на криминалните групи вклучени со криумчарење на луѓе. Во транзитните центри останаа семејства, ранливи категорија на лица и оние кои немаат желба или доволно финансиски ресурси да го продолжат патот преку рутите на нерегуларна миграција.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧ:

 

Критериуми за евалуација

Бодови

1. Предлог проект и пристап кон темата

50

2. Предложена цена

30

3. Искуство и квалификации

20

Максимум бодови

100

Дополнителни критериуми:

Референци од проекти од областа на родовите прашања и човековите права

Технички способности на изведувачот

ТЕХНИЧКИ БАРАЊА

  • Времетраење на финалниот продукт: до 3 минути
  • HD 1920×1080, split-track аудио
  • Компресија H. 264 L видео 12000 kbps (минимум)
  • AAC аудио во 256 kpbs
  • 1 мастер копија
  • 1 дополнителен примерок
  • сурови видео снимки и интервјуа на ДВД

ФОРМАТ НА ПОДНЕСОК

Сите поднесоци треба да ги содржат следните податоци:

  • Предлог-проект за изготвување на видеото:

– предлог сценарио за видео до 3 минути – 2 страници;

– временска рамка за имплементација.

  • Предложена цена/буџет, разделен по ставки по однос на трошоците за активностите Проценка на трошоците за проектот
  • Опис на професионалната позадина и искуство за проекти од областа на родовите прашања и човековите права:

– минимум 3 дигитални проекти со приложени линкови каде што можат да се видат финалните продукти.

  • Квалификации и техничка способност на изведувачот/изведувачите
  • Листа на лица кои ќе бидат вклучени во изработката на видеото и нивни биографии.
  • Листа на референци и минати проекти / клиенти

РОК НА ИСПОРАКА

Сите предлози треба да бидат испратени на contact@myla.org.mk најдоцна до петок29 јули 2016 година. Временската рамка за изготвување на видеото е август 2016 година

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.