
Проект на УСАИД за заштита на човековите права 29.03.2016
Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, спроведуван од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП), на 29 ти март 2016 година во клубот ГЕМ одржа советување на тема “Како да се користат правните лекови во корист на граѓаните чие остварување на правата од социјалната заштита е отежнато?”
На советувањето претставниците на граѓанските организации се запознаа со видовите правни средства кои им се на располагање на лицата, формата и роковите во кои тие се поднесуваат, што треба да содржат и кое е нивното дејство. Беа разгледани и вонредните правни средства кои во одредени случаи можат да бидат корисни при заштита на правата од социјалната заштита.
Советувањето резултираше со динамична дебата и корисна размена на знаења и искуства меѓу присутните, како и со консултации за специфични проблеми со кои тие се соочиле при нивната работа.