ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ И ЛИЦАТА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА 2022 ГОДИНА
Македонското здружение на млади правници во партнерство со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Здружението на новинарите на Македонија, распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2022 година”.
Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:
- Напис или серија написи
- Фотографија
- Мултимедијален производ
Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците, барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.
Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:
- Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2022 година (од 01.01.2022 година до 31.12.2022 година)
- Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
- Покажува чувствителност и почит кон бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
- Избегнува сензационализам и стереотипизација
- Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија
Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците/ лицата без државјанство и дали содржи карактеристики на професионално и сензитивно известување.
Важно :
- Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии/мултимедијални производи;
- На конкурсот не може да конкурираат новинари со стории кои биле изработени со поддршка од УНХЦР;
- Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
- Мултимедијалните производи да бидат испратен преку WeTransfer, со назначен датум на објавување;
- Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
- Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на јавниот повик; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на јавниот повик;
- Повеќе информации во врска со јавниот повик и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат од Нита Чаволи на тел. 072 224 581 или на ncavolli@myla.org.mk
На најдобро рангираните ќе им бидат доделени три награди во вкупен износ од 90.000 денари, и тоа:
- Прва награда 40.000 денари
- Втора награда 30.000 денари
- Трета награда 20.000 денари
Комисијата го задржува правото да не додели одредена награда доколку апликациите не ги исполнуваат критериумите.
Рокот за аплицирање е 20.07.2023 година 31.07.2023 година.
Изборот на победничките стории ќе биде објавен најдоцна до 15.08.2023 година 25.08.2023 година.
Повикот можете да го прочитате на: