Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Privatnost i zastita na licnite podatocina mladite vo digitalnata era Domasna pravna ramka i iskustva

28 јануари – Европски ден за заштита на личните податоци

На 28 јануари го одбележуваме Европскиот ден за заштита на личните податоци како основно човеково право кое беше еден од приоритетите на работата на МЗМП во изминатиот период. Активностите кои ги преземавме во текот на минатата година во насока на заштитата на личните податоци беше препознавање и работа со популацијата која секојдневно се соочува со повреда на приватноста, а тоа се средношколците .

Во 2022 година подготвивме анализа насловена „Приватност и заштита на личните податоци на младите во дигиталната ера – домашна правна рамка и искуства од практиката” која ги вклучува релевантните закони од постојното национално законодавство, кои ги засегаат или треба да ги засегаат приватноста и ефективното остварување на правата на приватност на интернет и слободата на користење интернет кај средношколците како најзасегната категорија поединци, како и родово засновано онлајн-насилство меѓу учениците во средните училишта. Потоа, одржавме осум работилници за заштита на личните податоци и приватноста во четири средни училишта во земјата, каде учествуваа 179 ученици од средните училишта „Васил Антевски Дрен“, „Нова“ во Скопје, „Јосиф Јосифовски” во Гевгелија и „Дрита“ од Кичево.

Povreda na privatnosta i vrsnicko nasilstvo
Shkelja e privatesise dhe bullizmi

Во поддршка на активностите во училиштата, го подготвивме и прирачникот „ПОВРЕДА НА ПРИВАТНОСТА И ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО НА ИНТЕРНЕТ – КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИШ?” , достапна на македонски и албански јазик, наменет пред сè за учениците во средните училишта, но и за нивните родители/старатели, наставници и социјални работници, како и за другите професионалци кои работат на планот на заштитата на детските права. Во прирачникот се образложува повредата на приватноста се појаснува што се подразбира под лични податоци и низ конкретни примери се дава одговор на прашањата што е повреда на приватноста и каде може да се пријави; потоа се разработува темата врсничко насилство, односно сајбербулингот. Прирачникот содржи и совети за намалување и избегнување на ризикот од повреда на приватноста, како и одговори на најчестите прашања поставени од средношколците.

Screenshot 3 2

За да го зголемиме доспевот на информации до младите, спроведовме дигитална кампања за едукација и подигање на свеста за заштитата на личните податоци, која во низа објави ги илустрира најпоставуваните прашања и одговори на истите во врска со повредата на приватноста и сајберблингот.

МЗМП продолжува и во наредниот период со активности насочени кон заштита на личните податоци на помладата популација, но и кон хармонизација на легислативата со законот за заштита на личните податоци.   

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.