Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Untitled design 19

ЈАВЕН ПОВИК за две експертски позиции за изработка на два модули за обука на давателите на постпенална помош на претходно осудени лица и лица под пробациски надзор

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Заводот за социјални дејности, за потребите од спроведување на проектот „Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешно осудени лица” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата IPA/2022/433-960 согласно Договорот за грант потпишан меѓу МЗМП и ЕУ бр. (2022)4717714-28/06/2022, објавува јавен повик за две експертски позиции за изработка на два модули за обука.

Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е намалување на рецидивизмот и ранливоста на осудените лица по нивно отпуштање на слобода преку зајакнување на политиките и праксата за нивна ресоцијализација, реинтеграција и пост-пенална помош во согласност со најдобрите меѓународни и европски стандарди.

Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1)Да се подобри квалитетот и достапноста на услугите за пост-пенална помош со цел ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, претходно осудени лица како и лицaта спрема кои се извршуваат пробациски работи; (2)Да се зајакне капацитетот и меѓуинституционалната соработка помеѓу казнено-поправните установи, судовите, пробациските службеници, центрите за социјална заштита и давателите на услуги за ресоцијализација, пробација, алтернативни мерки и пост-пенална заштита (3) Да се подобри правната рамка и политиките за ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, претходно осудени лица како и лицaта спрема кои се извршуваат пробациски работи врз основа на истражување и најдобри практики;

За таа цел, се објавува овој повик за избор на експерти за изработка на два модули за обука на давателите на постпенална помош на претходно осудени лица и лица под пробациски надзор.

2. Опис и работни задачи

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, експертите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:

  • Изготвување на модул за обука на социјални работници, пробациски службеници и други даватели на пост-пенална помош на претходно осудени лица;
  • Изготвување на модул за обука на лиценцирани даватели на услуги на локално ниво, невладини организации и други субјекти заинтересирани за обезбедување на иновативни социјални услуги за претходно осудени лица;
  • Прилагодување на двата модули за нивно поставување на дигиталната платформа на Заводот за социјални дејности;
  • Спроведување на две дводневни обуки кои би се одржале во месец март/април2023 согласно развиените модули;
  • Изготвување на водич за обезбедување на постпенална помош на претходно осудени лица, наменет за давателите на пост-пенална помош, согласно СОП за координирана постпенална грижа и поддршка како и координација со релевантните институции;  

3. Потребни квалификации

3.1 За првата експертска позиција:

  1. Завршено високо образование во областа на правото, завршени докторски студии во областа на кривичното право ќе се сметаат за предност;
  2. Најмалку 8 години работно искуство во областа на кривичното право.
  3. Значаен придонес во реформите на пенетенцијарниот систем, системот за пробација како и во политиките за унапредување на ресоцијализацијата, реинтеграцијата и пост-пенална помош и заштита на осудените лица;
  4. Искуство во изработка и подготовка на анализи/студии кои вклучуваат и компаративни пракси во областа на ресоцијализацијата, реинтеграцијата и пост-пенална помош и заштита на осудените лица;
  5. Напредни истражувачки и аналитички способности;
  6. Учество во слични проектни активности кои вклучуваат развивање на модули за обуки за засегнати страни;

3.2 За втората експертска позиција:

  1. Завршено високо образование во некои од општествените науки(како право, социологија, психологија, политички студии итн);  
  2. Најмалку 8 години работно искуство во процесот на ресоцијализацијата, реинтеграцијата и пост-пенална помош на осудени и претходно осудени лица;
  3. Активно учество и значаен придонес во реформите на пенетенцијарниот систем, системот за пробација како и во политиките за унапредување на ресоцијализацијата, реинтеграцијата и пост-пенална помош и заштита на осудените лица;
  4. Значаен придонес во изготвување и спроведување на специјализирани програми кои се однесуваат на подготвување за отпуштање од установа на осудено лице, како и програми за обезбедување на постпенална помош на претходно осудени лица;   
  5. Учество во слични проектни активности кои вклучуваат развивање на модули за обуки за засегнати страни;

4. Временска рамка

Секој од експертите/ките кој ќе биде ангажиран ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот од февруари до април 2023 година. Двата модули ќе бидат составен дел од платформата на Заводот за социјални дејности и експертите ќе треба да ги прилагодат своите содржини за поставување на дигиталната платформа.

Развиените модули ќе бидат составен дел од посебната програма на Заводот за социјални дејности за градење на капацитетите на социјалните работници.

За секој работен ден (предвидени се вкупно 20 дена) предвиден е надомест од 150 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противвредност по завршување на договорените задачи.

5. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака за која експертска позиција аплицира (експертска позиција 1 или експертска позиција 2)

Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и докази за исполнување на потребните квалификации(за 3.1 – c, d, f и за 3.2 – c, d, e), односно прилог со примерок од документите, анализи, студии и слични проектни активности во кои учествувал.

Рокот за аплицирање е до 06.02.2023 година, 16:30 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управувачкиот одбор на проектот.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.

Повикот можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.