ЈАВЕН ПОВИК за една (1) експертска позиција за изработка на прирачник за адвокати и адвокатски приправници

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје на 26.5.2021 година објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за една (1) експертска позиција за изработка на прирачник за адвокати и адвокатски приправници

 

  1. Опис и цели на проектот

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите дипломирани правници во нивниот професионален развој,  учество во реформски процеси и активности насочени за застапување од јавен интерес. Специфичните цели на проектот се: (1) Подобрување на практичните правни вештини и вештини за барање на работа по нивното дипломирање (2)Промовирање и поттикнување на критичко размислување и правно пишување од страна на млади правници за клучни прашања коишто влијаат на човековите права и владеењето на правото во општеството (3) Промовирање на општествена одговорност и активизам помеѓу младите правници кај  нивното локално население.

 

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот предвиден во овој повик е потребен заради изработка на прирачник за адвокати и адвокатски приправници. Целта на прирачникот е подобрување на позицијата на младите правници и приправниците при спроведување на нивниот приправнички стаж. Одредбите во Кодексот за професионална етика на адвокатите, адвокатските стручни соработници и адвокатски  приправници општо ја имаат дефинирано улогата, поради тоа се јавува потреба од изготвување на ваков прирачник во кој што јасно и концизно ќе се образложат обврските и одговорностите меѓу адвокатите и приправниците.

Прирачникот ќе биде подготвен од страна на тројца експерти и тоа: претставник на МЗМП, претставник назначен од АКРСМ и надворешен експерт/ка.

 

  1. Опис и работни задачи за изработка на прирачникот

Заради исполнување на ангажманот предмет на повикот, експертите треба да ги спроведат следните работни задачи:

  • Развивање и подготовка на прирачник наменет за адвокати и адвокатски приправници;
  • Дефинирање на методологија за подготовка на прирачникот и утврдување на темите во прирачникот;
  • Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на прирачникот;
  • Идентификување и опис на сите обврски на адвокатите и адвокатските приправници кои произлегуваат од законските и подзаконските прописи.

 

  1. Потребни квалификации

Експертот/експертката треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Дипломиран правник со магистерска титула во областа на правото. Докторат во областа на правните науки ќе се смета за предност;
  • Најмалку 10 години професионално искуство;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во работни групи за подготовка на законски и подзаконски акти ќе се смета за предност;
  • Искуство во изработка и подготовка на прирачници; водичи, тренинг програми и слично ќе се смета за предност.

 

  1. Временска рамка и плаќање

За работниот ангажман предвидени се 5 работни денови во периодот јуни-јули 2021 година. За секој работен ден предвиден е надоместок во бруто износ од 6,150 денари.

 

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во точка 4 од овој повик, потребно е да достават биографија. Во прилог на биографијата кандидатот/ката треба задолжително да достави примерок/активен линк од документите наведени во точка 4 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака Апликација за експерт/експертка за изработка на прирачник за адвокати и адвокатски приправници.

Рокот за аплицирање е 4.6.2021 година до 14:00 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.

Повикот може да го преземете на: ЈАВЕН ПОВИК за една експертска позиција

Контакт лице: Ангела Шумкоска, проектен координатор, тел: 02/3220-870, е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk .