Македонското здружение на млади правници информира дека добитници на награди на „Јавниот повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците за 2017 година во Македонија” се:
– Во категоријата напис или серија написи:
Прва награда: Емилија Петреска и Стефанија Тенекеџиева за написот ,,Го испуштиле последниот воз за Европа, сега го живеат македонскиот крпен живот „ медиум на објавување: Радио МОФ
Втора награда: Сниша Станковиќ за написот ,,Осум квадрати надеж„ медиум на објавување: Гласот на Америка
Трета награда: Марија Тасев за написот ,, Премзнатото момче од Авганистан неможеше ни да зборува кога го најдоа во Лојане„ медиум на објавување: Дневник
– Во категоријата емисија, прилог или краток документарец:
Прва награда: Гонца Коцева за видео прилог ,,Бегалска приказна со среќен крај „ медиум на објавување: Телеканал А1 Струмица
Втора награда: Хекуран Акифи за видео прилог ,, Мигранти во Куманово„ медиум на објавување: Гласот на Америка
Трета награда: Петар Клинчарски за видео прилог ,,Во пресрет на референдумите-која е вистината околу Стратегијата за мигранти и странци? „ медиум на објавувавње: 360 степени
– Во категоријата фотографија:
Прва награда: Ѓорѓи Личовски за фотографијата ,,Refugee stuck in transit centar Tabanovce village(3) „ медиум на објавување: Epa-European pressphoto agenncy
Втора награда: Роберт Атанасовски за фотографијата ,,Поглед„ медиум на објавување: Newsdeeply-refugees deeply
Трета награда: Томислав Ѓеоргиев за фотографија ,,mother and son „ медиум на објавување: Фокус
Голема благодарност до сите новинари кои аплицираа на објавениот повик и ве охрабруваме да продолжите со својата успешна работа.