Апр
08
2024
Известување за доделени грантови- „Инклузија на странците во Западен Балкан – пристап до социјални и економски права – ФОСТЕР”
Македонското здружение на млади правници додели 4 грантови од вкупно 19 добиени апликации по објавениот повик за предлог проекти за унапредување на пристапот до економски и социјaлни права на ранливи категории на странци во Северна Македонија, во рамки на проектот Инклузија на странците во Западен Балкан – пристап до социјални и економски права – ФОСТЕР финансиски поддржан од Европската Унија.
Бр./Nr. | Организација / Organziation | Име – фокус на проектот / Name – Focus of the project | Поени / points |
1 | Здружение за унапредување на општествените и економски дејности – ЕРГОС Скопје | Дигитални номади во југозападен плански регион | 92.14 |
2 | Здружение Дијалог – Центар за делиберативна демократија, Прилеп | Анализа на законодавната рамка за пристапот до пазарот нa трудот на странци | 90.86 |
3 | ЛЕГИС | Пристап до психо-социјална поддршка, едукација и работни вештини на странци прифатени во транзитниот центар Винојуг, Гевгелија | 85.43 |
4 | Организација за домување и станари – ОДС | Пат до инклузија, домување и права (социјална инклузија на странците без документи со фокус на подобрени услови за живеење) | 82.43 |