Јавен повик за ментор/ка на граѓански организации за пишување на проектни апликации
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП за објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
За ментор/ка на граѓански организации за пишување на проектни апликации
- Општи информации за проектот
Општата цел на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата. Во таа насока Проектот ќе се стреми кон (1) поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климата, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво и (2) подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво емисии на јаглен, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.
За остварување на вака поставените цели, Проектот во себе вклопува три типа на активности: (1) градење на капацитетите на граѓанските организации, (2) директна помош за граѓанското општество и (3) подигнување на јавната свест и работа на политики.
Активностите за градење на капацитетите на граѓанските организации опфаќаат сет на обуки и обезбедување правна и менторска поддршка.
- Опис на активноста предмет на овој повик
Целта на ангажманот на ментор/ка на граѓански организации за пишување на проектни апликации е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за пишување проекти. Заради исполнување на целта на ангажманот, менторот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Во сорботка со Офицерот за менторирање и Проектниот офицер да подготви формулар за пријавување на граѓански организации за менторирање за пишување проектни апликации
- Да подготви методологија за обезбедување на менторска поддршка за пишување проектни апликации
- Да обезбеди менторска поддршка за пишување проектни апликации на 15 граѓански организации (прегледување на проектни документи и давање насоки/сугестии)
- Да подготви извештај за обезбедената менторска поддршка и евиденција на изработени работни часови
- Потребни квалификации
Менторот/ката треба да ги исполнува следните квалификации:
- Завршено високо образование;
- Напредно познавање и служење со Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност;
- Најмалку седум (7) години професионално искуство на работна позиција поврзана со пишување проекти или на раководни проектни позиции (проектен координатор/менаџер, директор на проект);
- Напишани или учество во пишување на најмалку седум (7) проекти. Диверзификација на донатори при пишувањето на проекти ќе се смета за предност.
- Посетени најмалку три (3) обуки за пишување проекти и/или менаџирање на проектен циклус. Учество на обуки за пишување проекти и/или менаџирање на проектен циклус во својство на предавач ќе се смета како предност.
- Временска рамка и надомест
Обезбедувањето на менторска поддршка за пишување проектни апликации ќе се спроведува во периодот од моментот на избор на менторот/ката за пишување на проектни апликации до 31 мај 2023 година. Ангажманот може да биде продолжен до 31 мај 2024 година. Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за дело.
Обезбедувањето на менторска поддршка за една организација е предвидено вкупно да трае 1 работен ден. Надоместот за секој работен ден не може да надминува бруто износ од 9.383,00 денари. Исплатата ќе се изврши по доставување на извештајот за обезбедена менторска поддршка и евиденцијата на изработени работни часови и нивно одобрување од Проектниот офицер и Офицерот за менторирање.
- Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија (CV), листа на напишани или учество во пишување проекти (име на проектот, улога во процесот и донатор) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход). Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: dnastevska@myla.org.mk и btrpevski@myla.org.mk, со назнака – Апликација за ментор/ка за пишување проектни апликации
- Евалуација на кандидатите
Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Целосно исполнување на критериумите од делот потребни квалификации – 70 бодови
- Понуден надомест за активноста – 30 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови. Рокот за аплицирање е заклучно со 09.12.2022 година.
Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.
За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратите на телефонскиот број (02) 3220 870, лице за контакт: Бојан Трпевски
Повикот можете да го преземете тука.
Проектот “Граѓанските организации во акција за климатските промени” е финансиски поддржан од страна на Шведска. Изразените ставови и мислења се на организациите кои го спроведуваат проектот и нужно не ги одразуваат ставовите и мислењата на владата на Шведска.