Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Добитници на наградите за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство за 2021 година

Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ и Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации УНХЦР во Северна Македонија информира дека добитници на трите награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2021 година” се:

Прва награда: Соња Делевска за написот „Почина 19-годишното момче што државата го остави без извод и здравствена книшка, единствен доказ дека постоел се петките во свидетелствата”- медиум на објавување: Sakam Da Kazam

Втора награда: Валентина Вурмо за написот „ЖИВОТ ВО КАФЕЗ -Државата не го брои Судахан во живите, но го „оживеа“ само кога требало да го пикне зад решетки!”- медиум на објавување: Фокус

Трета награда: Дарко Штаргоски за мултимедијалниот производ ,,За добивањето на државјанство во Македонија чекаат и по 15 години – скратени им се огромен број права”- медиум на објавување: Инфо Компас

Упатуваме честитки за наградените и благодарност за сите новинари кои се пријавија на јавниот повик.

Оваа активност е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд. 

NO COMMENTS

POST A COMMENT