Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Zaedno za klimatska akcija Logo1white 1 scaled 1

Граѓанските организации во акција за климатските промени

Zaedno za klimatska akcija Logo1white 1 scaled

Македонското здружение на млади правници во соработка со Еко свест и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP) од јануари 2022 година започна со спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“ финансиран од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка –SIDA.

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата. Во таа насока Проектот ќе се стреми кон (1) поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климата, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво и (2) подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво емисии на јаглен, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

За остварување на вака поставените цели, Проектот во себе вклопува три типа на активности: (1) градење на капацитетите на граѓанските организации, (2) директна помош за граѓанското општество и (3) подигнување на јавната свест и работа на политики.

Македонското здружение на млади правници е посветено на градење на капацитетите и поддршка на еколошките граѓански организации насочено кон зголемено општествено влијание и учество.

Градење на капацитетите на еколошките граѓански организации

Еколошките граѓански организации со јасна и прецизна внатрешна структура и внатрешни правила за работа, кои имаат познавање од процесот на застапување засновано на докази може да дадат суштински придонес во борбата против климатските промени и да остварат засилено општествено влијание кое ќе води кон унапредување на процесите во државата.

Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот организира обуки за зајакнување на капацитетите на еколошките граѓански организации кои ќе им помогнат кон подобрено општествено позиционирање.

Во текот на 2022 година МЗМП спроведе 7 обуки на следните теми:

  • Внатрешно правно функционирање на граѓанските организации
  • Внатрешно финансиско функционирање на граѓанските организации
  • Македонско еколошко право (енергетика и индустрија)
  • Застапување и лобирање и изготвување на анализи и документи за јавни политики
  • Пишување на проектни апликации

Во периодот 2023-2024 година МЗМП ќе спроведе дополнителни 2 циклуси на обуки на истите теми кои ќе овозможат зајакнување на капацитетите и знаењата на еколошките граѓански организации.

Еколошките граѓански организации може да се пријават за учество на обуките преку пополнување на формулар кој МЗМП ќе го објави на своите канали на социјалните мрежи Facebook, Twitter и Instagram.

Програма за правна и менторска поддршка на еколошки граѓански организации

Целта на Програмата е зголемување и зајакнување на капацитетите на еколошките организации, нивно ефикасно вклучување во процесите за донесување одлуки на локално или централно ниво од областа на животната средина, зголемено влијание врз политиките од областа на животната средина на централно или локално ниво и активно преземање активности и мерки за ефикасна заштита на животната средина.

Прочитајте детали за програмата и пријавувањето за менторска поддршка тука.

Подготвување на документи за застапување засновано на докази

Застапувањето за промена на одредена практика или пропис има поголеми изгледи за успех доколку е засновано на докази (истражувања, анализи, документи за јавни политики).

МЗМП во рамки на проектот ќе создаде повеќе типови на документи кои ќе им бидат на располагање на еколошките граѓански организации за користење во нивните застапувачки (advocacy) активности.

Во периодот од 2022-2024 во рамки на проектот МЗМП ќе изработи:

  • 3 (три) сеопфатни секторски анализи за степенот на заштита на животната средина и справување со најгорливите проблеми кои нанесуваат или може да нанесат сериозни еколошки штети;
  • 10 (десет) документи за јавни политики на одделни аспекти поврзани со заштита на животната средина (на пример учество на јавност во процесите и слично)
  • 3 (три) анкети за мерење на перцепцијата на граѓаните во однос на заштитата на животната средина

Лица за контакт:

Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ jarangelovik@myla.org.mk и Бојан Трпевски btrpevski@myla.mk

NO COMMENTS

POST A COMMENT