Стратешко застапување
На 14.02.2014, во конференциската сала на Хотел Арка, Mакедонскотo здружение на млади правници во соработка со Проектот на УСАИД за јакнење на судството во Македонија организираше обука за стратешкото застапување на човековите права во Македонија. Учесниците беа 31 млади, мотивирани студенти, идни правници, членови на ЕЛСА.