Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Честит Меѓународен ден на човековите права!

Денес во светот се празнува меѓународниот ден на човековите права.  Оваа година се одбележуваат 65 години од усвојувањето на  Универзалната декларација за човековите права кој беше усвоена од државите членки на Генералното собрание на Обединетите нации, на 10 декември 1948, во Париз. Предлог текстот на декларацијата го изготви и поднесе Комисијата за човекови права при ООН, формирана во 1946 година, на чело со Еленор Рузвелт.

Текстот на Универзалната декларација за човекови права е најпреведуваниот документ во светот, по Библијата. Ова е првиот документ во кој на глобално ниво се изразени правата на кои природно, сите човечки суштества имаат право.

Тие се обдарени со разум и совест,и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на општо човечката припадност.“

Универзалната декларација за човековите права, опишани се одредените права кои им припаѓаат на сите луѓе, без оглед на нивните разлики, како што се раса, боја, пол, јазик, религија, политичко или друго убедување, национално или општествено потекло, сопственост, раѓање, или друг статус. Оваа декларација претставува основа за многу други меѓународни документи, устави на држави, закони…

Една од целите кои МЗМП ги дефинира во својот статутот е и промоција и заштита на човековите права и владеење на правото преку обезбедување правна помош и стратешко водење на постапки. Секојдневно, МЗМП работи на реализација на оваа цел преку своите проекти: Превенција и намалување на бездржавјанството, Правна помош и застапување лица од интерес, Антидискриминација, Бесплатна правна помош, Слободен пристап до информации. МЗМП работи со маргинализирани групи, со лицата кои се жртви на дискриминација, со оние на кои им е потребна правна помош, а не можат да си ја дозволат, односно во поширок план работи на унапредување на човековите права во Република Македонија и со своите капацитети неуморно се залага за правда и еднаквост.

Оваа година Канцеларијата за човекови права на ОН продолжува да ја одбележат  20-годишнината од своето постоење. Погледнете ја пораката  на шефот на оваа канцеларија, Нави Пилај: http://sm.ohchr.org/1cy4gNH

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.