Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Оглас за вработување на Помлад правник

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Превенција и намалување на бездржавјанството” кој го спроведува заедно со канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци во Скопје (УНХЦР) објавува оглас завработување на Помлад правник во Одделот за бездржавјанство.

Квалификации:

– Стручна подготовка – Завршен Правен факултет

– Минимум 1 година работно искуство на проекти во граѓанскиот сектор ( работа со маргинилизирани групи и искуство во пружење на правна помош на овие лица ќе се смета за предност)

– Познавање на пишан и говорен англиски јазик

– Одлично познавање на Word, Excel и PowerPoint

– Способност и подготвеност за тимска работа

– Флексибилност и подготвеност за работа под притисок и завршување на обврските во определени рокови

– Способност за работа во мултиетничка средина

– Возачка дозвола Б категорија (активен возач)

Делокруг на работа

– Одговорен/а е за непосредно и квалитетно спроведување на активностите предвидени со проектот според предвидените рокови.

– Обезбедување на лицата од интерес на УНХЦР со правен совет

– Поднесува извештаи за својата работа до Постариот правник на проектот

– Одговорен/а за водење на дата база на случаи како и редовно ажурирање на истата

– Го обезбедува постојаниот проток на информации во проектната канцеларија на МЗМП

– Изготвување на извештаи од спроведени теренски посети

 

Ве молиме Вашите кратки биографии заедно со мотивационо писмо да ги испратите на следната електронска адреса contact@myla.org.mk. Истите да се поднесат до 21.09.2013 година.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.