Окт
28
2026
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
Македонското здружение на млади правници ги повикува младите правници да се пријават за учество во Програмата за практикантска работа за периодот декември 2026 – февруари 2027 година.
Програмата нуди тримесечна практична работа во институција, обуки за развој на практични правни вештини и дополнителни знаења за човековите и дигиталните права и онлајн безбедноста. За избраните практиканти е предвиден фиксен месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.
Практикантската работа ќе се спроведува во Скопје, Битола, Прилеп, Куманово и Тетово. Доколку се приклучи дополнителен град, навремено ќе се извести.
Програмата се спроведува во соработка со приватен сектор, основните судови во РСМ, Уставен суд на РСМ, граѓански организации, Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Министерство за дигитална трансформација. Листата на институции и партнери континуирано се проширува, а воспоставување соработка е во тек.
Во рамки на Програмата покрај тримесечна практична работа, практикантите посетуваат дводневна обука која ќе се фокусира:
- Практични правни вештини и сензибилизација;
- Заштита на човековите права во дигиталната ера;
- Дигитални права и онлајн безбедност.
Присуството на обуките е задолжително за успешно завршување на Програмата.
Право на учество имаат кандидати со завршени најмалку три години правни студии (180 ЕКТС), основно познавање на англиски јазик и интерес за заштита на човековите и дигиталните права.
За пријавување, кандидатите треба да испратат CV на ashumkoska@myla.org.mk и да го пополнат формуларот за пријавување, најдоцна до 23.11.2026 година.
Прочитајте го целосниот јавен повик тука.
Програмата се реализира во рамки на проектот „Јакнење на идните правни лидери за владеењето на правото во дигиталната ера“, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.