Јан
14
2026
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА ГРАФИЧКИОТ ДИЗАЈН ЗА МЗМП ВО 2026 ГОДИНА
ЗА ПОВИКОТ
Македонското здружение на млади правници за потрeбите на тековното работење, спроведува јавен повик за избор на најповолна понуда за услуги од областа на графичкиот дизајн за 2026 година.
ПОСТАПКА, ПРАВИЛА И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Повикот за избор е јавен, а постапката за избор на најповолна понуда се одвива со прибирање на понуди од повеќе домашни правни и физички лица. По завршување на повикот, прибраните понуди се доставуваат до комисијата за набавки на МЗМП, која носи решение за избор на најповолна понуда и со тој понудувач ќе биде склучен договор за 1 година со можност за продолжување.
За бараната услуга ќе бидат избрани повеќе дизајнери (правни или физички лица) со кои ќе се склучи договор и со кои ќе се соработува наизменично.
ОБЕМ НА РАБОТА
Ангажираниот давател на услуги ќе биде задолжен за изработка на следните услуги:
| Ставка | Опис на услугата | Единица | Единична цена (МКД) |
| Дизајн на публикации | Создавање на визуелно привлечни документи (до 20 стр.) | По публикација | |
| Дизајн на публикации | Создавање на визуелно привлечни документи (до 40 стр.) | По публикација | |
| Дизајн на публикации | Создавање на визуелно привлечни документи (до 60 стр.) | По публикација | |
| Адаптација на дизајн на втор јазик | Прилагодување на постоечки дизајн на друг јазик | По адаптација | |
| Дизајн на инфографици | Графички приказ на податоци и информации | По инфографик | |
| Дизајн на промотивни материјали | Флаери, постери, банери, содржини за социјални медиуми | По материјал |
*Цените треба да се изразени без ДДВ и со ДДВ за правни лица, односно со вклучен персонален данок/бруто износ за физички лица.
КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО
Право на учество имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат следните услови:
- Искуство од најмалку 3 години во областа на графичкиот дизајн.
- Портфолио со претходни проекти во соодветната област.
- Способност за работа во зададени рокови.
СИСТЕМ ЗА БОДУВАЊЕ
Понудите ќе се оценуваат според следните критериуми:
- Квалитет на портфолиото (50 бодови)
- Финансиска понуда (40 бодови)
- Достапност и брзина на реализација (10 бодови)
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија или презентација на компанијата.
- Портфолио со примери од релевантни проекти.
- Пополнета табела со понудени цени за секоја ставка.
Апликациите треба да се достават на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака „Јавен повик за графички дизајн“ најдоцна до среда, 28.01.2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
За повеќе информации, Ве молиме контактирајте на: 072-223-963
МЗМП го задржува правото да го избере најсоодветниот понудувач или да не избере понудувач доколку понудите не ги исполнуваат зададените критериуми.