Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
548460439 1227554526077730 7428817033368506583 n

Одржана работилница за превенција на насилен екстремизам, препознавање на радикални појави и координација на сите релевантни чинители

Македонското здружение на млади правници – МЗМП, во рамки на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници“ поддржан од Global Community Engagement and Resilience Fund, во соработка со Канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, на 16 септември 2025 година во Кичево одржа работилница на тема: „Превенција на насилен екстремизам, препознавање на радикални појави и координација на сите релевантни чинители“.

Работилницата започна со воведно обраќање од страна на Јасна Оровчанец Аранѓеловиќ, проектен координатор на МЗМП. Главен предавач беше Жаклина Просароска, експерт и поранешен член на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, која зборуваше за причините и појавните форми на екстремизмот, препознавањето на знаците на радикализација и значењето на превенцијата, навременото постапување и координацијата меѓу институциите и заедницата.

На настанот присуствуваа претставници на локалните мултидисциплинарни тимови од Македонски Брод, Кичево, Прилеп, Охрид и Струга, како и претставници на верските заедници и локалните совети за превенција при општините од регионот. Дополнително, активно учество имаа и претставници на центрите за социјална работа, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за вработување, здравствени работници, верски лидери и општините, кои придонесоа кон дискусијата со предлози за унапредување на превентивните механизми.

Работилницата ја нагласи важноста на превентивното во однос на репресивното дејствување и ја потврди потребата од координирана акција и тесна соработка на сите чинители во заедницата за градење на поотпорни и поинклузивни општества.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.