Мар
08
2017
Во Прилеп работилница за општество без дискриминација со акцент на родовата дискриминација
На 07.03 во рамки на проектот „Подигни го гласот за општество без дискриминација“ спроведуван од МЗМП, во просториите на РОМА С.О.С. – Прилеп се одржа работилница на тема „За општество без дискриминација со посебен акцент на родова дискриминација“ на која присуствуваа дваесетина жени од ромска националност.

Учесниците споделија голем број ситуации, најчесто од областа на работните односи, но и од областа на јавниот живот, во кои се почувствувале дискриминирани од страна на државните органи, но и од приватни субјекти. Тимот на МЗМП им ги посочи механизмите кои може да се искористат во таквите ситуации со цел да ги остварат своите права кои им се гарантирани во домашните и меѓународните правни акти.
Прирачникот ИМАТЕ ПРАВА! Кажете не на дискриминацијата! е дел од овој проект и е наменет да ве информира за вашите права за заштита од дискриминација според прописите кои важат во Република Македонија. Прирачникот појаснува што е тоа дискриминација, како да ја препознаете, кога да побарате заштита, каде да побарате заштита од дискриминација и кои правни средства може да ги употребите.