Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители

Претседателот на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Зоран Дранговски и директорката  Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”, Анета Арнаудовска, вчера потпишаа Меморандум за соработка кој се однесува на соработката во подготовка и спроведување на проекти од заеднички интерес во областа на правосудството.

IMG_9893

Потпишувањето на Меморандумот е резултат на заложбите на Академијата за воспоставување соработка со релевантни домашни и меѓународни институции и организации од невладиниот сектор на полето на континуираната и почетната обука, но и на македонското правосудство во насока на зголемување на професионалноста и компетентноста на судиите и обвинителие во примена на националното законодавство и меѓународните стандарди.

-Согласно насоките за исполнување на политичките критериуми за полноправно членство на ЕУ, може да нагласиме дека Академијата е прва институција во правосудството која воспоставува трајни односи на дијалог и соработка со цивилното општество и невладиниот сктор, но не само во правец на организирање заеднички обуки, работилници и семинари, туку и во правец на воспоставување на вистинско партнерство и кооперативност, истакна директорката на Академијата.
 
Нашата визија, како што посочи, е оваа соработка да биде заснована на цврсти партнерски односи на доверба и меѓусебно разбирање на разликите, бидејќи судството и решевањето на судските предмети се ограничени со законските правила во однос на своето функционирање. Во контекст на тоа додаде дека граѓанскиот сектор треба да претставува вистински коректив и заедно со медиумите вистински „пазач“ на демократското одвивање на правосудните процеси, на остварувањето на заштитата на човековите права и слободи пред се на учесниците во судските постапки преку мониторинг на судењата, контрола на начинот на одвивање на сите судски процеси и остварувањето на владеењето на право на дело, а не на хартија.

IMG_9905
 
-Полињата на кои ја гледаме нашата идна соработка се детектирани во однос на областите на поголема примена на меѓународните стандарди во однос на независноста, ефикасноста, транспрентноста на судството, подобрување на квалитетот на обуката на кандидатите за судии и обвинители како подготовка за влез во оваа одговорна професија, рече Арнаудовска.
 
Претседателот на МЗМП Зоран Дранговски истакна дека со Меморандумот се предвидува подготовка и имплементација на проекти од заеднички интерес на Академијата и Здружението, кои ќе вродат со значајни резулати во областа на правосудството.
 
-МЗМП и Академијата меѓусебно ќе доставуваат информации за своите активности, публикации и истражувања на темите на кои што работат со цел за поголема заедничка информираност, додаде тој.
 
Тој во оваа пригода ја презентираше работата на Македонското здружение на млади правници, чија мисија е обединување на младите правници, нивна континуирана едукација и насочување со цел да се подигне квалитетот и професионалноста во правната заедница и да се зајакне принципот на владеење на правото во Република Македонија.

(оригиналниот текст тука)

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.