Дали наплаќањето сметки на граѓаните кои не користат топлинска енергија е законско?
„Дали обврската за плаќање на надомест на граѓаните кои не користат топлинска енергија ниту пак имаат склучено договор со снабдувачот на топлинска енергија
има основ во Уставот и во законите?“ беше тема на советувањето организирано од страна на Македонското здружение на млади правници, во рамки на Проектот на
УСАИД за заштита на човековите права.
Ова советување беше наменето за адвокати и за граѓани кои се засегнати со оваа обврска. Цел на советувањето беше да отвори дискусија во однос на правните
аспекти на обврската и да се презентираат аргументи за и против во однос на нејзината уставност и законитост.
Орце Иваноски и Диме Ѓорчевски, адвокати соработници на проектот, ги претставија своите ставови за тоа како и каде е уредена обврската за плаќање на
надомест од страна на лицата кои не користат топлинска енергија, и како Основниот суд Скопје 2 гледа на овој проблем.
Проектот овозможи правна заштита на неколку граѓани како би се увидела и анализирала обврската во поединечни слуачи,особено имајќи го в предвид значењето
на правните аспекти на ова прашање. Наодите од поединечните случаи беа презентирани од страна на адвокатите кои што работат на поединечните предмети.
Детална анализа на овие и останатите проблеми ќе биде содржана во поединечно правно мислење во однос на ова прашање кое Проектот ќе го издаде кон крајот на
септември 2016 година.