Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Проект: Ирегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес

“Ирегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес” – нов проект на Македонското здружение на млади правници

 

Со поддршка на Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, МЗМП започна со имплеметација на проектот “Ирегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес – кон ефективна миграциона политика”.

Проектот претставува дополнување на веќе постоечките активности на МЗМП во областа на азилот и миграциите и треба да придонесе кон подобрување на капацитетите на сите засегнати страни кои се вклучени во процесот на справување со предизвиците од ирегуларната миграција.

Како дел од активностите на проектот е предвидено изработка на анализа на миграционата политика во Република Македонија која што ќе претставува прв документ на оваа тема во државата кој во целост би ја анализирал легислативата и постоечките политики кои се однесуваат на оваа тема со соодветни препораки за подобрување на истите.

 

Имајќи предвид дека се поголем број на лица (ирегуларни мигранти) транзитираат или престојуваат во Република Македонија, МЗМП ќе спроведе серија на обуки за 20 правници/адвокати за користење на правни механизми за застапување и заштита на овие лица пред домашните и меѓународните институции.

Со цел подобрување на информираноста на локалните заедници во транзитните региони за феноменот на ирегуларна миграција, МЗМП ќе спроведе јавни презентации во соработка со локалните власти.

Следејќи ја праксата во земјите членки на Европската Унија каде што се поголем број на земји се одлучуваат да спроведуваат присилни враќања на лица кои што веќе немаат никаков правен основ за престој во некоја земја, МЗМП покренува иницијатива за отворање на дебата за предизивиците од имплеметацијата на Директивата за враќање на ЕУ (EU return directive) каде што меѓународни експерти ќе ги пренестат своите искуства на претставниците на МЗМП и на МВР.

Како финална активност од овој проект МЗМП ќе ја организира првата национална конференција на тема “Предизвици од ирегуларната миграција” каде што претставници на државните институциите, заедно со претставници на граѓанските и меѓународните организации во Република Македонија ќе споделат искуства на темата.

МЗМП останува посветена и ги става на располагање своите капацитети кон градење на ефикасен државен систем за азил и миграции насочен кон почитување на човековите права и владеењето на правото.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.