Апр
01
2016
Заеднички АПЕЛ за преземање мерки со кои ќе се обезбедат итните хуманитарни потреби на лицата во движење
Како што илјадници луѓе пристигаат во Европа барајќи безбедност, властите во Австрија и земјите на Западниот балкан почнаа селективно затворање на границите. Овие мерки јасно го кршат меѓународното и европското право кое го заштитува правото на барање азил.
Овие земји создаваат хаос и збунетост, зголемувајќи го човечкото страдање со тоа што лицата остануваат заглавени во несоодветни и нечовечни услови. Со недостатокот на капацитети на границите коишто се оддеднаш затворени за многу лица во движење, жени, деца и мажи се присилени да спијат надвор без пристап до основни услуги, храна и вода.
Коалиција на 26 организации кои делуваат во Грција и земјите на Западниот балкан го искажаа својот став и ги осудуваат низата дискриминаторски и опасни мерки усвоени од Европските земји за да спречат ранливи лица да стигнат до безбедност.Ги повикуваме Европските влади да преземат мерки со кои ќе се обезбедат и исполнат итните хуманитарни потреби на луѓето во движење, и да ги одржат своите обврски согласно меѓународното право.