Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Одржана првата основна обука од програмата Обука за обучувачи во областа на човековите права

Во сабота, 20 декември 2014 г. Проектот на УСАИД за заштита на човекови права ја организираше првата основна обука (Ден 1 ) од својата програма Обука за обучувачи во областа на човековите права. Првата целодневна основна обука се одржа во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје.

 

Триесет и три (33) учесници, искусни адвокати и правници, од шест градови од земјава, зедоа учество во обуката и имаа можност да го продлабочат знаењето како и вештините од областа на заштита на човековите права.

Првата основна обука опфати теми како што се национални вонсудски механизми за заштита на човековите права, како и улогата на судовите во обезбедување на ефикасна заштита на човековите права, при што особено беше истакната круцијалната улога што ја имаат адвокатите/правниците.

Дел од обуката беше посветен на развивање на вештините на учесниците понатаму да го предаваат стекнатото знаење на млади правни професионалци и да застапуваат жртви на повреди на основни човекови права пред судовите.

Обуката за обучувачи во областа на човековите права е програма која содржи две (2) основни и две (2) напредни обуки за над триесет адвокати и правници кои се активни во областа на заштита на човекови права, и се избрани да го формираат таканаречениот Тим на адвокати/правници за човекови права. Оваа програма има за цел да ги обучи и охрабри адвокатите и младите правни професионалци да ја интегрираат правната рамка за човековите права во нивните секојдневни професионални ангажмани пред судиите, држaвните органи и креатори на политики, со што ќе го подобрат разбирањето за принципите на човековите права во домашниот правен систем.

Втората основна обука е закажана за сабота, 24ти јануари 2015 година.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.