
Kонкурс за ангажирање нa 2 информатори на определено време во Кичево и Скопје – Ѓорче Петров
Македонско здружение на млади правници во соработка со Министерството за труд и социјална политика, во рамките на Акцијата за евиденција на лица во матична книга на родени и проектот “Ромски Информативни центри“ објавува конкурс за ангажирање нa 2 информатори на определено време во Кичево и Скопје – Ѓорче Петров
Македонско здружение на млади правници во соработка со Министерството за труд и социјална политика, во рамките на Акцијата за евиденција на лица во матична книга на родени и проектот “Ромски Информативни центри“ има потреба од ангажирање на двајца информатори на определено време за потребите на проектот Ромски информативни центри во Кичево и Скопје – Ѓорче Петров
Позицијата информатор во Ромските информативни центри во Кичево и Скопје – Ѓорче Петров ќе биде финасиски поддржана од страна на Македонско здружение на млади правници (со подршка на УНХЦР).
Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат целосна документација согласно условите :
- CV(работна биографија) на македонски јазик
- Писмо за мотивација на македонски јазик
- Копија од диплома за највисок степен на завршено образование
- Препораки од претходни работодавачи со назначени телефони за контакт
- Друга документација која кандидатот смета дека ја поткрепува пријавата и е во функција на потребните критериуми за селекција.
Документите за пријавување на конкурсот да бидат испратени најдоцна до 12.05.2015 год. на следнава адреса :contact@myla.org.mk
Опис на надлежности
Вовед
На почетокот на 2005 година при процесот на креирање на Националните Акциони Планови за Декадата на Ромите 2005 – 2015 во Република Македонија како приоритетна беше идентификувана потребата од подобро,квалитетно и релевантно информирање на Ромската популација во однос на состојбите и правата и обврските на граѓаните. Целта беше да се формираат институционални центри кои ќе преставуваат линк помеѓу заедницата на Роми и институциите на локално ниво за потребите на граѓаните.
Со иницијатива на МТСП во март 2007 се отворија 8 Ромски Информативни Центри (РИЦ) во осум градови во Република Македонија и тоа: Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Делчево.
Формирањето на Ромски Информативни Центри (РИЦ) се дел од активностите планирани со Акционите планови на Декадата на Ромите во Република Македонија.
Овие центри имаат за задача, планирано и структурирано информирање за имплементацијата на Стратегијата за Ромите и Акционите планови на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 на локално ниво
Мисија на „Ромските Информативните Центри е да бидат сервис на граѓаните и да придонесуваат за остварувањето на Стратегијата за Ромите и Декадата на Ромите преку соработка со граѓаните и институциите налокално и национално ниво
Одговорности
Информаторите ангажирани во проектот Ромски информативни центри имаат одговорност да обезбедат постигнување на целите на проектот :
- Прибирање и доставување на информации на локално нивово насока на
– Подобрување на информираноста на Ромската заедница во однос на спроведувањето на Стратегијата заРомите и Декадата на Ромите во Република Македонија
– Остварување на правата и обврските кои произлегуваат од приоритетните области
– Информативни услуги и логистичка подршка за граѓаните
- Воспоставување на линк и комуникацијапомеѓу РИЦ играѓаните, институциите, и медиумите на локално ниво
- Континуирано јакнење на личнитекапацитети за техничка и институционална подршка за Ромската заедница
- Претставување и застапување на заедницата во однос на остварување на нивните права иобврски пред институциите и градење на локални партнерства
Работни задачи на ангажираните лица во Ромските информативни центри ќе бидат да :
- застапување и помош при процесот на вадење на лична документација (пополнување и поднесување на барања до соодветните институции)
- соработка со институциите на локално ниво и Министерството за Труд и Социјална Политика;
- навремена подготовка и доставување на информации на локално ниво за реализирани активности од Стратегијата и Декадата на Ромите
- застапување, преставување и логистичка подршка на локалното население во остварувањето на одредени услуги и права од приоритетните области дефинирани во Декадата и Стратегијата на Ромите
- Идентификување на потреби и проблеми на заедницата
- Навремено информирање на заедницата за сите конкурси и повици од јавен интерес
- Влијае на мотивацијата на заедницата за поголемо учество во обуки и прекфалификации од активни мерки за вработување
- обезбеди дека целите по областите на делување на проектот се применуваат
- врши и други потребни работи за успешно спроведување на проектот во соработка со заедницата, институците на локално ниво и консултација со МТСП.
- Соработува со локалните невладини организаци заради поголема информираност при имплементирање на проекти од интерес на локалната заедница
- во соработка со институциите креира и опис на услуги и информации за остварување на одредени права за кои што постои потреба и интерес во ромската заедница;
- иницира информативни средби, работилници, со локалната заедница и инситутуциите,
- учествува во обуки и работилници за градење на капацитетите
Услови
Ова е позиција со цело работно време со фиксен временски договор и платени надоместоци за здравствено осигурување и работен стаж, до 31 декември 2015 година.
Ромскиот информативен центар ќе биде сместен во простории на НВО со кои што Министерството за труд и социјална политика и Македонското здружение на млади правници има потпишано Меморандум за соработка.
Проектот се спроведува во 12 општини во Република Македонија, (Шуто Оризари, Чаир – Топаана, Тетово,Гостивар, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Делчево, Кочани и Виница). Сите заинтересирани лица со мотивација за работа во заедницата се охрабруваат да аплицираат на јавниот повик.
Потребни критериуми
- Завршено најмалку средно образование
- Добро познавање на состојбите во областите во Македонија, каде што проектот ќе се спроведува;
Потребни квалификации и вештини:
- познавање на локалните јазици(работно познавање на ромскиот јазик ќе биде предност);
• Компјутерски вештини (Word, Excel, Power point, Internet) - Комуникациски вештини
- Способност за работа во тим, под притисок и во мултикултурно опкружување;
- мотивација за работа со заедницата
- проактивност и превземање на иницијативи