Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

МЗМП ПОДНЕСЕ ТУЖБА ПРЕД ОСНОВНИОТ СУД БИТОЛА ЗА УТВРДУВАЊЕ ПОВРЕДА НА ПРАВОТО НА ЗДРАВА ЖИВОТНА СРЕДИНА

 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека во месец септември 2020 година поради континуираното аерозагадување, поднесе тужба пред Основниот суд Битола против Владата на РСМ, Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Битола за утврдување на повреда на правото на здрава животна средина, правото на здравје, право на приватност на личен и семеен живот и неповредливоста на домот и преземање на мерки.

Со тужбата се бара утврдување дека тужените ги повредиле правото на здравје, правото на здрава животна средина, право на приватност на личниот и семејниот живот и правото на неповредливоста на домот затоа што од периодот од 2007 до 2019 година, не преземале неопходни мерки и активности согласно законските должности за справување со аерозагадувањето и редуцирање на PM 10 честичките во амбиентиот воздух.

Здружението побара да се утврди и дека од 2017 до 2019 година не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките.

Се тужбата исто така, се бара ревидирање на законските и подзаконските акти со цел постигнување на хармонизација на националната легислатива со директивата на ЕУ 2008/50/ЕК; овозможување на систем на непречена размена на податоци, воведување на санкции/казни на централно и локално ниво поради неусогласеност со целите и политиките за квалитет на воздух, да се подобри мрежата за мониторинг на квалитет на воздух преку соодветно релоцирање на мерните станици и нивно постојано сервисирање и одржување; да обезбеди буџет за работењето на мерните страници и други мерки за подобрување на квалитетот на амбиентиот воздух.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.