ЈАВЕН ПОВИК за експертска позиција за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обука
ЈАВЕН ПОВИК
за 1 (една) експертска позиција за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обука
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот ,,Елиминација на мачењето и нечовечкото постапување во затворите и установите за лишување од слобода” финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Europe Aid/163963/DD/ACT/MK согласно Договорот за грант потпишан меѓу МЗМП и ЕУ бр. NEAR-TS/2019/411-576 имплементиран од страна на двете организации, објавува јавен повик за една експертска позиција за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обука.
- Опис и цели на проектот
Општата цел на овој проект е да придонесе кон елиминација на тортурата и нечовечкото или понижувачко постапување во казнено-поправните установи и други установи во кои лица се лишуваат од слобода. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Подигнување на свеста кај затворениците и лицата лишени од слобода за користење на правните механизми за пријавување и барање на одговорност од надлежните институции во случаи на тортура и нехуман третман (2) Воспоставување на поголема одговорност на казнено-поправните установи и установите во кои лица се лишуваат од слобода во однос на преземање на мерки за елиминацијата на тортурата и нечовечното постапување во установите во кои лица се лишуваат од слобода (3) Подобрување на механизмите за спроведување на внатрешен и надворешен надзор над работата на полицијата и затворската полиција.
Проектот, меѓу другото, вклучува активности за зајакнување на капацитетите на 15 адвокати кои ќе обезбедуваат правна помош на затвореници кои издржуваат казна затвор во некои од казнено-поправните домови во државата, деца со изречена заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом и лица лишени од слобода на кои пристапот до адвокат и правна помош им е ограничен.
За ефикасно и ефективно подобрување на капацитетите на овие лица потребно е развивање на тренинг курикулум и спроведување на соодветна обука од страна на тим составен од:
- Два (2) експерти/ки во областа на кривичното право и постапка(едниот експерт е веќе избран во рамките на претходниот повик)
- Опис и работни задачи за изработка на тренинг модул
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, експертите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:
- Подготовка на тренинг курикулум наменет за адвокати за развивање вештини за работа и обезбедување на правна помош на затвореници и други лица лишени од слобода;
- Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на тренинг курикулумот;
- Преглед на постоечки тренинг курикулуми на релевантната тема;
- Дефинирање на методологија и временска рамка за подготовка на тренинг курикулумот;
- Изработка на документ во кој ќе биде содржани следните елементи: опис на тренинг курикулумот, цели и резултати на обуката, методи на спроведување на обуката, теми и содржина, временска рамка како и тренинг материјали за спроведување на обуката;
- Спроведување на една обука за адвокати за развивање вештини за работа и обезбедување на правна помош на затвореници и други лица лишени од слобода;
- Потребни квалификации
- Завршено високо образование во областа на правото. Завршени постдипломски или докторски студии во областа на кривичното право ќе се сметаат за предност.
- Најмалку 7 години работно искуство во областа на кривичното право и постапка. Работа во областа на заштитата на човековите права, заштита од тортура и нехуман третман во казнено-поправните установи ќе се смета за предност.
- Искуство во изработка и подготовка на тренинг курикулуми, материјали и спроведување на обуки.
- Напредно познавање на англискиот јазик
- Напредни истражувачки и аналитички способности
- Временска рамка
Секој од експертите/ките кој ќе биде ангажиран ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот март/април. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност.
- Постапка и правила за пријавување, рок и избор
Овој повик е јавен.
Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака за која позиција аплицира.
Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен линк од документите наведени во дел 3 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а.
Рокот за аплицирање е до 15.07.2020 година, 16:30 часот.
Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.