Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Screenshot 2025 12 19 094219 1

ЗАЈАКНАТИ КАПАЦИТЕТИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Во периодот декември 2025 – јануари 2026 година, Македонското здружение на млади правници спроведе циклус на обуки на граѓанските организации кои се дел од програмата за подгрантирање во рамки на проектот „Добро владеење во животнатас редина за Зелена Агенда за Западен Балкан“. Целта на циклусот обуки беше зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за функционирањето и улогата на граѓанските организации во општеството. Заради остварување на оваа цел се спроведоа серија на 6 обуки (онлајн и со физичко присуство) на следните теми:

  • Застапување за животна средина
  • Прибирање средства и финансиски операции – проектен циклус, финансиско планирање, финансиски операции и финансиски менаџмент
  • Организациски развој – менаџирање вработени/ангажирани лица, стратешко планирање, односно обврски кои граѓанските организации ги имаат согласно домашните закони

Основата на функционирањето на граѓанските организации е застапување за унапредување на состојбите во областа во која делуваат.  Заради поуспешно и поефикасно застапување за унапредување на состојбите во областа на животната средина, преку теоретски информации, но и практични вежби и активности, граѓанските организации ги подобрија своите знаења и вештини за застапување и лобирање, јавен дијалог, односи со медиуми и подигнување на јавната свест преку повеќе алатки меѓу кои и јавните кампањи.

Финансиската одржливост е многу важна за функционирањето и постоењето на граѓанските организации. Токму поради тоа обуките посветија посебно внимание на проектниот циклус и внатрешните финансиски операции во граѓанските организации. Во оваа насока тие ги зголемија своите знаења и вештини за подготвување на проектна апликација, но и спроведување на отворени, фер, транспарентни и објективни јавни набавки и финансиски операции.

Тесно поврзано со капацитетите на граѓанските организации, но и предуслов за добивање на проектни финансиски средства е силната внатрешна организација, што вклучува меѓу другото и менаџирање на вработени/ангажирани лица, стратешко планирање и исполнување на обврските кои граѓанските организации ги имаат согласно македонското законодавство. Овие теми беа дел од обуките преку кои граѓанските организации ги зајакнаа своите вештини и знаења за нивниот организациски развој.

Активностите се реализираат во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центар за правни истражувања и анализи,  Македонско здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската Унија.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.