Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за избор на обучувачи за спроведување на тренинг програма за граѓански организации

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 08.02.2024 година објавува 

Јавен повик за избор на обучувачи за спроведување на тренинг програма за граѓански организации

1. Општи информации за Проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

2. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот предмет на овој повик е предвиден за пријава на обучувачи за спроведување на тренинг програма за грантисти, во рамки на активностите на проектот со цел зајакнување на нивните капацитетите. Тренинг програмата е наменета за организации на кои им се доделени грантови од Проектот и истата ги содржи следните три компоненти:

-Компонента бр. 1 Развој на застапување

-Компонента бр. 2 Организациски развој

-Компонента бр. 3 Прибирање средства и финансиско работење

Обуките во рамки на тренинг програмата ќе се спроведуваат во период од февруари до мај 2024 година. Секоја обука е предвидено да ја спроведува по еден (1) обучувач.

Обучувач за компонента – Развој на застапување

Опис и работни задачи:

  • Да подготви и достави програма за спроведување на наведената компонента во која ќе бидат опфатени следните теми: подобрување на вештините за застапување и лобирање, јавен дијалог, односи со медиумите, подигнување на свеста и спроведување на јавни кампањи;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да спроведе една он-лајн подготвителна работилница со цел споделување на потребните тренинг материјали со учесниците и да доделат подготвителна вежба;
  • Да спроведе он-лајн обука  во времетраење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката;  и
  • Да подготви извештај за спроведената обука

Потребни квалификации:

-Завршено високо образование;

-Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;

-Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со наведената компонента

-Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;

-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Обучувач за компонента- Организациски развој

Опис и работни задачи:

  • Да подготви и достави програма за спроведување на наведената компонента во која ќе бидат опфатени следните теми: менаџмент на персонал, финансии и стратешко планирање;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да спроведе една он-лајн подготвителна работилница со цел споделување на потребните тренинг материјали со учесниците и да доделат подготвитена вежба;
  • Да спроведе он-лајн обука  во времетраење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката;  и
  • Да подготви извештај за спроведената обука

Потребни квалификации:

-Завршено високо образование;

-Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;

– Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со наведената компонента

– Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;

-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Обучувач за компонента- Прибирање средства и финансиско работење

Опис и работни задачи:

  • Да подготви и достави програма за спроведување на наведената компонента во која ќе бидат опфатени следните теми: финансиско планирање, сметководство и финансиски менаџмент)
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да спроведе една он-лајн подготвителна работилница со цел споделување на потребните тренинг материјали со учесниците и да доделат подготвителна вежба;
  • Да спроведе он-лајн обука  во времетраење од два дена;
  • Да подготви методологија за пред и пост евалуација на обуката;  и
  • Да подготви извештај за спроведената обука

Потребни квалификации:

-Завршено високо образование од областа на финансиите и финансиското работење;

-Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;

– Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со наведената компонента

– Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;

-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

3. Временска рамка и надомест

Обуките ќе се спроведат во периодот од  февруари 2024 година, заклучно со 30ти мај 2024 година. Конкретните датуми за спроведување на обуките ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраните обучувачи.

Секој обучувач треба да спроведе 1 (една) подготвителна работилница, една обука која е предвидено да трае 2 (два) дена и мониторирање на дадените задачи за учесниците по тренингот 1( еден) ден. Избраниот обучувач за секоја обука ќе има вкупен ангажман од вкупно 6 (шест) дена, вкучувајќи ги и подготвителните денови за спроведување на опишаните активности.

Надоместокот за еден ден не може да надминува износ поголем од 100 ЕУР.

4. Начин на пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

•          Кратка биографија (CV)

•          Предлог методологија за подготовка на обука;

•          Професионално портфолио кое задолжително ќе содржи: Листа на реализирани обуки со преглед на корисници на испорачаните обуки.

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk   со назнака – Апликација за обучувач [назив на темата за која се аплицира].  Рокот за аплицирање е заклучно со 15.02.2024 година 22.02.2024 година 29.02.2024 година.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП.

Контакт лице е Весна Дишлијовска, проектен менаџер, е-пошта: vdislijovska@myla.org.mk , тел: 02 3220 870.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.