Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за избор на 6 ( шестмина) обучувачи за спроведување на тренинг програма за граѓански организации

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот Младински активизам за позелени општини финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 на 15.01.2024 година објавува 

Јавен повик за избор на 6 ( шестмина) обучувачи за спроведување на тренинг програма за граѓански организации

1. Општи информации за Проектот

Проектот Младински активизам за позелени општини(во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2021/430-653 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2020 – Support to civic youth initiatives, activism and volunteering in local communities. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2022 до 30 јуни 2024 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружението за одржлив развој и заштита на животна средина ГОУ ГРИН, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив.

Општа цел на Проектот е да го зајакне влијанието на младинските активисти и младинските организации во политиките и процесите за заштита на животната средина кои се спроведуваат на локално ниво. Проектот ги има следниве посебни цели: (1) Зајакнување на капацитетите на младинските активисти и младинските организации за спроведување на ефективни активности за застапување на локално ниво; (2) Воспоставување на партнерство помеѓу клучните засегнати страни заради обезбедување спроведување на стандардите воспоставени во Поглавјето 27 од европското acquis во најмалку 12 општини и (3) Зголемување на бројот на иницијативи за заштита на животната средина од страна на младински активисти и младински организации на локално ниво.

2. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот предмет на овој повик е предвиден за 6 (шест) обучувачи за спроведување на тренинг програма за грантисти, во рамки на активностите на проектот со цел зајакнување на нивните капацитетите. Тренинг програмата е наменета за организации на кои им се доделени грантови од Проектот и истата ги содржи следните три компоненти:

-Компонента бр. 1             Развој на застапување

-Компонента бр. 2             Организациски развој

-Компонента бр. 3 Прибирање средства и финансиско работење

Обуките во рамки на тренинг програмата ќе се спроведуваат во период од февруари до мај 2024 година .

Двајца (2) обучувачи за компонента – Развој на застапување

Опис и работни задачи:

  • Да подготват и достават програма за спроведување на наведената компонента во која ќе бидат опфатени следните теми: подобрување на вештините за застапување и лобирање, јавен дијалог, односи со медиумите, подигнување на свеста и спроведување на јавни кампањи;
  • Да подготват план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да спроведат една он-лајн подготвителна работилница со цел споделување на потребните тренинг материјали со учесниците и да доделат подготвитена вежба;
  • Да спроведат он-лајн обука  во времетраење од два дена;
  • Да подготвaт методологија за пред и пост евалуација на обуката;  и
  • Да подготват извештај за спроведената обука

Потребни квалификации:

-Завршено високо образование;

-Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;

-Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со наведената компонента

-Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;

-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

 Двајца (2) обучувачи за компонента- Организациски развој

Опис и работни задачи:

  • Да подготват и достават програма за спроведување на наведената компонента во која ќе бидат опфатени следните теми: менаџмент на персонал, финансии и стратешко планирање;
  • Да подготват план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да спроведат една он-лајн подготвителна работилница со цел споделување на потребните тренинг материјали со учесниците и да доделат подготвитена вежба;
  • Да спроведат он-лајн обука  во времетраење од два дена;
  • Да подготвaт методологија за пред и пост евалуација на обуката;  и
  • Да подготват извештај за спроведената обука

Потребни квалификации:

-Завршено високо образование;

-Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;

– Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со наведената компонента

– Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;

-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

Двајца (2) обучувачи за компонента- Прибирање средства и финансиско работење

Опис и работни задачи:

  • Да подготват и достават програма за спроведување на наведената компонента во која ќе бидат опфатени следните теми: финансиско планирање, сметководство и финансиски менаџмент;
  • Да подготват план и практични вежби за спроведување на обуката;
  • Да спроведат една он-лајн подготвителна работилница со цел споделување на потребните тренинг материјали со учесниците и да доделат подготвителна вежба;
  • Да спроведат он-лајн обука  во времетраење од два дена;
  • Да подготвaт методологија за пред и пост евалуација на обуката;  и
  • Да подготват извештај за спроведената обука

Потребни квалификации:

-Завршено високо образование од областа на финансиите и финансиското работење;

-Најмалку 5 години професионално искуство во или со граѓански организации;

– Најмалку 3 спроведени обуки на теми поврзани со наведената компонента

– Искуство во планирање, спроведување и евалуирање на обуки и работилници вклучувајќи и познавање на методологија за обучување;

-Да поседува солидни комуникациски, презентациски и фасилитаторски вештини.

3. Временска рамка и надомест

Обуките ќе се спроведат во периодот од 1 февруари 2024 година, заклучно со 30ти мај 2024 година. Конкретните датуми за спроведување на обуките ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраните обучувачи.

Секоја обука е предвидено да трае 2(два) дена. Избраниот обучувач за секоја обука ќе има вкупен ангажман од 3(три) дена.

Надоместокот за еден ден не може да надминува износ поголем од 100 ЕУР.

4. Начин на пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

•          Кратка биографија (CV)

•          Предлог методологија за подготовка на обука;

•          Професионално портфолио кое задолжително ќе содржи:

-Листа на реализирани обуки со преглед на корисници на испорачаните обуки.

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk   со назнака – Апликација за обучувач [назив на темата за која се аплицира].  Рокот за аплицирање е заклучно со 22.01.2024 година 28.01.2024 година.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП.

Контакт лице е Весна Дишлијовска, проектен менаџер, е-пошта: vdislijovska@myla.org.mk , тел: 02 3220 870.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.