Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

БАРАЊЕ ЗА ПОНУДИ – ПРОДУКЦИЈА НА НАСТАН ЗА 20 ГОДИШНИНА НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) бара понуди за продукција на сеопфатен јубилеен настан кој ќе ги одбележи достигнувањата и работата на МЗМП низ годините. Бараме квалификуван тим (правно или физичко лице) за продукција на настани за да создаде незаборавно искуство, вклучувајќи различни елементи како видео продукција, печатен материјал, музички настап во живо и професионална документација преку фотографија и видео.

КОМПОНЕНТИ

  • Видео продукција

Продукција на видео што ја одразува работата на МЗМП и што беспрекорно се интегрира со целокупната изведба на настанот.

  • Печатен материјал

Дизајн и печат на материјал што се усогласува со концептот на видео и целокупната поставка за настанот.

  • Изведувачки дел

Координација на музички настап во живо, како и ДиЏеј кои ќе ја надополнат целокупната тема и амбиентот на настанот.

  • Фотографија и видеографија

Обезбедување на професионални услуги за фотографирање и видео за документација на целиот настан

УПАТСТВА ЗА АПЛИКАЦИЈА

Заинтересираните страни се поканети да поднесат детален предлог во кој ќе го наведат нивниот пристап, релевантно искуство, креативни концепти и детален буџет. Дополнително, наведете примероци од претходната работа и референци.

  • Рокови и аплицирање:

Понудите кои вклучуваат портфолио и финансиска понуда треба да се испратат најдоцна до среда, 6.12.2023 на contact@myla.org.mk со назнака „Барање за понуди – Продукција на настан за 20 годишнина на Македонското здружение на млади правници”. Рок за испорака: 13.12.2023

  • Критериуми за избор:

Предлозите ќе се оценуваат врз основа на креативноста, искуството и цена (изразена во МКД со вклучено ДДВ).

Лице за контакт: Нита Чаволи, ncavolli@myla.org.mk или на 072/224 581.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.