Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
1 2

„ПРИВАТНОСТА НА ПРВО МЕСТО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СВЕСТА, ЗАСТАПУВАЊЕТО И ДИГИТАЛНИТЕ ПРАВА КАЈ МЛАДИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ – НОВ ПРОЕКТ НА МЗМП

abaroli

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) започна со имплементација на проектот „Приватноста на прво место: Зајакнување на свеста, застапувањето и дигиталните права кај младите во Северна Македонија“ (Privacy First: Enhancing Awareness, Advocacy, and Digital Rights Among Youth in North Macedonia) поддржан од Американската адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото.

Главна цел на проектот е да се зголеми свесноста за приватноста онлајн кај младите во Северна Македонија и да се зајакнат нивните знаења за заштита на личните податоци, како и да се залагаат за политики кои ја штитат приватноста на интернет.

Проектот е поделен на две компоненти со следниве цели:

Компонента 1: Зајакнување на младите и застапување за онлајн приватност

  1. Да се засилат капацитетите на младите активисти, кои работат на локално и национално ниво, за обезбедување на взаемна поддршка во случаи на нарушување на онлајн приватноста и за сензибилизирање за ова прашање во нивните заедници;
  2. Да се зголеми свесноста и разбирањето меѓу младото население за заштита на приватноста онлајн, вклучително користење на постоечки механизми за заштита.

Компонента 2: Застапништво за Политики за заштита на приватноста онлајн

  • Да се зголеми и поддржи соработката и учеството на клучните заинтересирани страни во дискусијата за заштитата на приватноста онлајн меѓу младите луѓе, преку идентификување на клучните проблеми во законите и политиките и формулирање на препораки за нивно решавање.

Активности:

  • Воспоставување соработка со младински организации и организации за млади со фокус заштита на приватноста на младите онлајн
  • Избирање на 15 млади активисти кои имаат силна желба да се залагаат за приватноста на интернет
  • Обучување на одбраните млади активисти на тема онлајн приватност, заштита на лични податоци и приватност
  • Обучување на одбраните млади активисти за комуникациски стратегии и онлајн кампањи
  • Спроведување на дигитална кампања за онлајн приватност и заштита на лични податоци кај младите
  • Анализирање на постоечките политики и прописи поврзани со онлајн приватноста во Северна Македонија, со посебен фокус на младите.
  • Застапување за промена на потребните прописи и предлози за нови политики.

Проектот започна да се спроведува на 15 јули 2023 и ќе се спроведува 10 месеци, односно до 15 мај 2024 година.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.