Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за доделување мали грантови на младински организации и организации за млади за спроведување акции за заштита на животната средина

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за доделување мали грантови на младински организации и организации за млади за спроведување акции за заштита на животната средина. Јавниот повик се спроведува во рамки на проектот ,,Младински активизам за позелени општини” финансиски поддржан од Европската Унија.  

Шемата за мали грантови има предвидено вкупен износ од 100.000 евра и ќе поддржи 15 до 20 организации во вредност од 4.000 до 7.000 евра. Времетраењето на доделените грантови треба да биде помеѓу четири и осум месеци почнувајќи од 1 септември 2023.  

Повикот за мали грантови е отворен до 10 јули 2023 година.  

Заради информирање на сите заинтересирани организации ќе бидат организирани три on-line инфо-сесии на 14, 19 и 21 јуни 2023 година.

Ве молиме регистрирајте се и потврдете го Вашето присуство на еден од предложените термини.  По извршената регистрација линкот за вклучување ќе пристигне на Вашиот е-маил.

14.06.2023 година со почеток од 12.00 часот – линк за регистрација :  http://bitly.ws/HRqK 

19.06.2023 година со почеток од 12.00 часот – линк за регистрација: http://bitly.ws/HRru 

21.06.2023  година со почеток од 12.00 част- линк за регистрација : http://bitly.ws/HRrS 

Детални информации за јавниот повик како и обрасците за аплицирање можат да се симнат од следниов линк. 

Повикот се објавува во рамки на проектот ,,Младински активизам за позелени општини” финансиски поддржан од Delegation of the European Union, Skopje

#eu4yоu #ЕУзаТЕБЕ #EUGreenDeal #EuropeanYearOfYouth #EYY2022 

Целиот повик и обрасците за пријавување и буџет можете да го преземете на линковите наведени подолу:

Повик за доделување на еко грантови

Прилог 1- Образец за пријавување

Прилог 2- Образец за буџет

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.