Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Продолжен рокот за доставување понуда за подготовка на финален ревизорски извештај 

Во рамки на проектот „Инклузија на странци во Западен Балкан- пристап до социјални и економски права (ФОСТЕР)” се продолжува рокот за доставување понуда за подготовка на финален ревизорски извештај на крајот од проектот како и верификација/проверка на трошоците на квартално ниво.

Подолу можете да ги преземете повикот, општите услови за грантовите од ЕУ (член 15.7) и Анекс VII.

Планираниот буџет на проектот е 1,246,153.33 евра, со период на имплементација од 42 месеци. Проектот е започнат  на 01.03.2023.

Понудите треба да се испратат по електронска пошта на адреса agruevska@myla.org.mk и/или navdi@myla.org.mk  најдоцна до 15.05.2023.

Цената да биде изразена без ДДВ и да биде во македонски денари.

НАПОМЕНА/ПОЈАСНУВАЊЕ:

Не се бара изработка на квартални извештаи, туку од понудувачот се очекува да изврши проверка на документацијата на квартално ниво со цел да се избегнат грешки од страна на сите имплементатори на проектот. Од понудувачот се очекува да посочи или укаже за евентуални пропусти при документирање на трошоци и/или трошоци кои не се подобни согласно правилата на донаторот. Согласно горенаведеното, понудувачот има обврска да изработи 1 финален извештај на крајот на проектот. 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.