Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Copy of ОГЛАС 2

Оглас за работна позиција – Теренски правник во Винојуг (Гевгелија)

Позиција: Теренски правник за период од девет месеци (Март 2023 / Ноември 2023)

За МЗМП

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правици, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. МЗМП се стреми за општество во кое владеењето на правото е воспоставено а луѓето проактивно се борат за почитување на нивните основни слободи и права.

Образложение

МЗМП во партнерство со Канцеларијата на  УНХЦР во Скопје, спроведува работи на обезбедување на правна помош и советување на странци и баратели на азил кои престојуваат во ПТЦ Винојуг.

За потребите на канцеларијата на МЗМП во ПТЦ Винојуг имаме потреба од теренски правник кој ќе биде дел од тимот на МЗМП и ќе работи заедно со тимот на МЗМП во канцеларијата во Скопје. Оваа позиција е со седиште во ПТЦ Винојуг, Гевгелија.

Обврски и задолженија

Теренскиот работник ќе ја врши својата должност во согласност со претходно утврден работен распоред, но не подолго од 40 работни часа неделно, ќе работи под надзор и ќе известува на проектниот координатор. Теренскиот работник ќе работи во блиски работни односи со релевантните државни институции, локални невладини и меѓународни организации кои работат и се присутни во Винојуг.

Опис на работно место

Работната поддршка на теренскиот правник  ќе вклучува, но нема да биде ограничена само на:

  • Обезбедување на правни информации, совети и поддршка на баратели на азил и бегалци;
  • Одржување на работни односи со државни институции и другите релевантни засегнати страни;
  • Редовна комуникација со координаторот на проектот и канцеларијата на МЗМП во Скопје;
  • Други задачи кои што ќе се наведени од страната на МЗМП.

Квалификации

  • Универзитетска диплома од правен факултет;
  • Една до три години работно искуство;
  • Способност за работа во мултикултурна и динамична средина;
  • Добро разбирање на основните аспекти на работа на терен во таква област;
  • Добри интерперсонални вештини;
  • Искуство во користење на MS Office и интернет алатки за известување/платформи се добредојдени;

Назначување/избирање

На теренскиот работник ќе му биде понуден договор за вршење на услуги со месечен бруто хонорар во висина од 33 990 денари. Позицијата е со седиште во ПТЦ Винојуг, Гевгелија. Теренскиот правник самостојно обезбедува транспорт до работното место.

Апликација

Апликацијата се состои од кратка биографија и мотивационо писмо (на македонски јазик) кои треба да се испратат на contact@myla.org.mk најдоцна до 01.03.2023 година.

Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и поканети на интервју.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.