Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕДНО ЛИЦЕ ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА ВО КСЗД

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка”[1] поддржан од програмата Цивика Мобилитас објавува јавен повик за ангажирање на едно лице за практиканска работа во КСЗД.

Проектот “Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка” е спроведуван од страна на Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје, во партнерство со Хелсиншки комитет за човекови права Скопје, Здружение за рурален развој Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР Градско и Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје

Заради остварување на една од целите на проектот – Јакнење на капацитетите на Комисија за спречување и заштита од дискриминација – КСЗД за известување пред ЦЕДАВ Комитетот,  се отвара Јавен повик за ангажирање на едно лице за практикантска работа во КСЗД.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права, со особен интерес во областа на заштита од сите форми на дискриминација врз жените;
  • Напредно познавање на англиски јазик

Кандидатите треба да се подготвени да го започнат својот ангажман на 01.03.2023 година.

Опфат на практикантската работа:

Избраното лице ќе има можност да се стекне со зајакнати, специфични и практични знаења и вештини од областа на заштита на човековите права, со особен акцент на:

  • заштита и спречување од дискриминација врз основа на Законот за заштита и спречување од дискриминација.
  • следење и оцена на спроведувањето на обврските од Конвенцијата за спречување на сите форми на дискриминација врз жените (ЦЕДАВ Конвенцијата) со акцент на заштита и спречување на дискриминација врз жени од рурални средини,
  • прибирање и обработка на податоци неопходни за аргументирани поднесоци, формална комуникација со институции и меѓународни организации и подготовка на текстови за информирање на општа јавност.

Ментор:

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе назначи лице од редот на своите вработени кое ќе го менторира и следи напредокот на избраното лице во текот на ангажманот. 

Времетраење на ангажманот:

Избраното лице се ангажира за период од 6 месеци, започнувајќи од месец март 2023 година.

Паричен надомест:

За ангажманот предвиден е месечен паричен надомест во бруто износ од 12.000,00 денари.

Место на спроведување на ангажманот:

Ангажманот се спроведува во просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на ул. Даме Груев бр.1 во Скопје. По потреба и во договор со членовите на Комисијата, избраното лице може да има обврска за краткорочни патувања заради природата на работата, самостојно или во придружба на членовите на Комисијата.

Начин на аплицирање:

Повикот е отворен за сите лица кои ги исполнуваат условите од огласот да испратат CV и кратко мотивациско писмо на електронската адреса contact@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 23.02.2023 година.

Избор на кандидат:

Изборот на кандидат ќе се врши од страна на Комисијата за избор на лице за практикантска работа, формирана од страна на Управниот одбор на МЗМП.

Комисијата ќе одлучува врз основа на примените апликации, и ќе ги земе предвид само целосните апликации. По потреба, можно е да се организира интервју за кандидатите во најтесен избор.

Известување за избран кандидат:

Избраниот кандидат ќе биде контактиран телефонски и по е-маил за изборот, најдоцна до 27.02.2023 година.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.