Дек
06
2017
Покана за вонредно собрание
Врз основа на Член 18 од Статутот на Македонското здружение на млади правници за одржување на вонредно Собрание, Претседателот на МЗМП до сите членови на здружението на ден 29.11.2017 година, испраќа:
ПОКАНА
за вонредно Собрание
Македонското здружение на млади правници (“МЗМП“) со задоволство Ве поканува на вонредно Собрание кое ќе се одржи на 15.11.2017 година во Скопје. Почетокот на Собранието е закажан за 18:00 часот, а за локацијата ќе бидете дополнително известени.
Предлог дневниот ред, и сите пропратни документи, ќе ви бидат испратени по елетронски пат заедно со оваа покана.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство најдоцна до 11.12.2017 на службениот маил на здружението contact@myla.org.mk
Со почит,
Претседател на МЗМП
Зоран Дранговски